Гордиевиот чвор Идлиб

Актуелно 35/2018

Гордиевиот чвор Идлиб

Подрачјето на градот Идлиб во кризата во Сирија која што продолжува од 2011 година е дојденo во положба на последна тврдина на опозиционерите. Ова подрачје кое заедно со градот Идлиб ги опфаќа и околните области на западен и јужен Алепо и околината на Туркменските планини во Северна Хама и Северна Латакија е последната територија во рацете на опозиционерите кои се борат против Асадовиот режим. Откако опозиционерите ги изгубија областите како што се Алепо, Источна Гута, Дера, Кунејтра и Северен Хомс, присуството на опозиционерите во подрачјето на градот Идлиб доби уште поголемо значење. Во контекст на процесот од Астана подрачјето на Идлиб кое достигна до население од околу 3 милиони жители беше прогласено за зона на деескалација. Дванаесетте набљудувачки пунктови кои што ги формира Турција во рамките на Договорот од Астана постигнат меѓу Турција, Русија и Иран се значајни од аспект на судбината на ова подрачје.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Опозиционерите во подрачјето на градот Идлиб во Сирија повремено војуваат и меѓусебно. Покрај идеолошките разлики кои што постојат помеѓу нив тие се вовлечени и во борба за надвласт. Во правец на последните случувања во регионот во Идлиб би можело да се говори за поделба на два главни кампа и тоа Хејет Тахрир ел-Шам познат по кратенката ХТШ и под покривот на Фронтот за национално ослободување (ФЛН). ХТШ, односно Хејет Тахрир ел-Шам од страна на САД се оценува како терористичка организација, додека Фронтот за национално ослободување (ФЛН) се поддржува од страна на Турција. ХТШ е надвор од процесот од Астана, Фронтот за национално ослободување (ФЛН) е дел од процесот од Астана.

Постојат радикални групи кои што од страна на режимот и неговите сојузници се изнесуваат како причина за интервенција во подрачјето. Турција пак со политички маневри води напори за елиминирање на овие радикални групи. И покрај тоа што подрачјето на градот Идлиб во рамките на процесот од Астана е прогласен за зона на деескалација режимот и неговите сојузници почнаа да ги изнесуваат се погласно своите изговори дека ќе извршат обемен напад на подрачјето на градот Идлиб. Евентуалната воена операција врз Идлиб содржи големи ризици од аспект на Турција. Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура изјави дека доколку во Идлиб се повтори сценариото од Источна Гута тамошната хуманитарна состојба ќе биде за шест пати полоша од онаа во Источна Гута. Елиминирањето на опозиционите елементи во Идлиб и околината ќе стане причина за директна закана и на подрачјата кои што се наоѓаат под контрола на Турција како што се Африн, Азез, Баб и Џераблус.

Воениот капацитет со кој што располага режимот покажува дека евентуалната обемна операција врз Идлиб би можела да се реализира само со одобрение на Русија и нејзино вклучување во една ваква операција. Актуелните позиции на Турција и Русија на теренот на Сирија и односите помеѓу двете земји ја ослабуваат можноста Москва да фрли еден таков чекор со кој што директно ќе и се заканува на Анкара.

Меѓутоа, воздушните напади и наштетуваат на довербата кон постигнатиот договор со процесот од Астана и придонесуваат за нестабилност на подрачјето.  Би можело да се предвиди дека силата на одвраќање на набљудувачките пунктови на Турција пред евентуалната операција на Идлиб во наредниот период ќе се тестира од страна на режимот и прорежимските милициски сили. Впрочем, Турција со тоа што формира 12 воени пунктови спречи ова подрачје да се постави на мета од копно.

Се согледува дека сирискиот режим е недоволен од аспект на неговиот воен капацитет за реализација на обемна операција врз Идлиб и во тој контекст целосно е зависна особено од Русија и Иран. Затоа би можело да се каже дека одлуката за реализација на напад врз Идлиб од страна на Асадовиот режим кој инаку се наоѓа под авторитетот на Русија, не би можела да се донесе без претходно да се добие одобрение од Русија и Иран. Се подразбира дека одлуката на режимот за напад врз Идлиб би можела да се оствари само со одобрение и со обемна поддршка на Русија.

Турција со преговорите кои што ќе ги води со Русите во врска со Идлиб се обидува да го спаси од една евентуална голема хуманитарна криза подрачјето каде што живеат приближно 3 милиони цивили. Поради тоа што пред воздушните напади кои што се реализираат на подрачјето, Турција фактички не може да ги сопре руските и режимските воздушни сили во воздушниот простор на Сирија, Таа се обидува колку што е можно да ги намали овие воздушни напади по дипломатски патишта. Освен тоа треба да се намали и присуството на радикалните организации и групи во подрачјето на Идлиб и со тоа да им се одземат од рацете на Русија и режимот изговорите кои што ги изнесуваат за реализација на воздушни напади во ова подрачје.

Од аспект на прекинот на судирите во Сирија и окончувањето на процесот од Астана со изнаоѓање политичко решение, значајно е Турција да ги собере опозиционерите под ист покрив. Исто така е значајно и режимот и неговите сојузници да се откажат од нивните агресорски ставови кон Идлиб и да ги сопрат воздушните напади. Меѓутоа се гледа дека режимот посакува да ги елиминира опозиционерите и во Идлиб и целосно да ги неутрализира сириската опозиција и револуционерните сили од воен аспект. Воедно и работите за подготвување на новиот устав кои што се водат во рамките на процесите од Астана и Сочи, како и другите поврзани чекори кои што ќе бидат фрлени, треба да го продолжат своето присуство како елемент на притисок врз режимот. Одбраната на Идлиб од аспект на Турција пак е значајна во еден широк спектар од заштитата од евентуалните бегалски бранови до нејзиниот авторитет во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче и од борбата која што се води против ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК до активностите за да се располага со спор во преговорите во врска со иднината на Сирија.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести