Турско-американската затегнатост

Актуелно 34/2018

Турско-американската затегнатост

Гледаме дека затегнатоста која што се доживува помеѓу Турција и САД има и структурални и конјуктурални причини. Во структурална смисла на преден план се појавува тоа што САД се во обид да воспостават пасивен и асиметричен однос со Турција и тоа уште од нејзиното членство во НАТО во 1952 да воспостават пасивен и асиметричен однос со Турција. Меѓутоа тоа што Турција особено заедно со власта на АК Партијата почна да следи независна надворешна политика и тоа што Турција располага со позиција во која сопствените интереси ги поставува во центарот, сеуште не може да се поднесе од страна на САД.

Од конјуктурален аспект пак САД не го предаваат терористичкиот водач на ФЕТО Фетулах Ѓулен на Турција, не започнуваат судски процес против него и му овозможуваат да живее слободно во Пенсилванија. Тоа се значајни прашања кои што доведуваат до затегнатост во билатералните односи. САД истовремено во Сирија делуваат заедно со ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ЈПГ ја дефинираат како свој локален сојузник, ја обучуваат и вооружуваат оваа терористичка организација. Сето тоа е состојба која што не може да се прифати од аспект на Турција. Впрочем тоа што јужната граница на Турција е толку многу проширена претставува национална закана за неја. Како додаток на оваа затегнатоста помеѓу двете земји во последно време се доживуваат и кризи во врска со американскиот свештеник Брансон и воените авиони Ф-35.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Членовите на Сенатот на САД во последно време ги изнесуваа на дневен ред свештеникот Брансон кој се наоѓа во затвор во Турција и купувањето на воздушно одбранбените ракетни системи С-400 од Русија. Инсистирањето да биде пуштен на слобода свештеникот Брансон истовремено се изнесуваше и  продолжува да се изнесува и од страна на Белата куќа. Впрочем и американскиот претседател Доналд Трамп на остварените средби со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган бараше да биде ослободен Брансон. Освен тоа Трамп напиша и пораки на Твитер во кои бараше да биде пуштен на слобода Брансон.

Американскиот свештеник Брансон кој живее во Турција се обвинува за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која го изврши обидот за преврат од 15 јули 2016 година и со терористичката организација ПКК. За да не се изгуби поддршката на евангелистичките средини во САД и за да ги консолидира своите бирачи евангелисти американскиот потпретседател Мајк Пенс исто така побара да биде пуштен на слобода свештеникот Брансон против кого се води судска постапка во Турција и се закани на Турција со санкции. Веднаш потоа и претседателот Трамп ги поддржа изјавите на неговиот помошник и ги повтори заканите против Турција. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак истакна дека заканите и насилните наметнувања на САД кон Турција се неприфатливи, дека судскиот процес во Турција функционира независно и дека барањата на САД се во спротивност со независноста на судството.

САД со одлуките за санкции кои што ги донесоа против Турција ги внесоа во списокот со санкции министрите за правда и внатрешни работи и донесоа делумно кредитно ограничување за Турција. Заедно со овие одлуки започна економската војна на САД против Турција. Турските пазари и девизниот курс почнаа да се манипулираат со шпекулации. По економската војна турската лира изгуби вредност. По овој економски напад врз Турција Централната банка донесе значајни одлуки, го сопре падот на вредноста на турската лира и обезбеди да добие вредност пред доларот. 

Во деновите кога беа интензивирани економските напади против Турција, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак ги соопшти принципите на новиот економски модел. Американскиот претседател Доналд Трамп пак соопшти дека се воведени дополнителни казнени оданочувања против Турција за увозот на челик и алуминиум. И покрај тоа што изјавата на Трамп во значајна мера влијаеше на девизниот курс турската лира повторно се опорави. Претставува значајна точка тоа што Трамп додека спроведува санкции против Турција истовремено води економска војна и со Кина. Впрочем неколку дена по соопштувањето на Трамп за воведување на новите казнени оданочувања против Турција, Кина соопшти дека ќе увезува челик и алуминиум од Турција и Русија со национални валути. По економскиот напад на кој што е подложена Турција од страна на САД следуваа изјавите со поддршка на Турција од страна на Русија и Иран.

Меѓутоа, овде од доста големо значење  беше ставот на Европската унија (ЕУ) против санкциите на САД врз Турција, која пак е значаен пазар во економски димензии од аспект на Турција. Европската унија (ЕУ) и особено Германија соопштија дека не сакаат Турција да ослабее во економска смисла и да се соочи со криза и дека сакаат да ги продолжат своите односи со Турција. Доколку Турција се соочи со криза во значајна мера оваа криза ќе влијае и на земјите на Европската унија (ЕУ). Впрочем наглото губење на вредноста на турската лира се одрази негативно на европските берзи и на курсот меѓу еврото и доларот. Тоа што особено италијанските и шпанските банки и имаат доделено големи кредити на Турција ја вознемирува Европската унија (ЕУ) пред евентуалното доживување на било каква криза во Турција.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести