Балканска агенда 34-08

Невработеноста - најголем проблем на Балканот

Балканска агенда 34-08

Советот за регионална соработка (СРС), кој води активности за развој на мултилатералната соработка меѓу балканските земји, резултатите од анкетата ги објави во извештајот „Балкански барометар 2018“, кој беше промовиран на 6 јули оваа година во Брисел. Студијата која се состои од две различни публикации и тоа „Истражување на јавното мнение“ и “Истражување на фирмите“, дава податоци за различни прашања во седум балкански земји и го опипува пуслот на Балканот. Во нашата денешна програма ќе ги презентираме резултатите од анкетата за јавното мислење на Балканот.

Балканските земји подолг временски период се соочуваат со проблемот на економска стагнација. Според податоците за просечниот реален раст за периодот 2009-2014 година, економиите на Хрватска и Србија се намалија, додека економиите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се зголеми за нешто помалку од 1 отсто. По овој датум се забележува дека оживува економскиот напредок на земјите од регионот.

Извештајот Балкански барометар 2018 покажува дека економиите на земјите од Западен Балкан продолжиле да напредуваат. Македонија која помина низ тешки политички превирања, во 2017 година постигна раст од само 0,5 насто. Економскиот раст на Србија изнесуваше околу 1,9 насто и оваа бројка е релативно помала од очекувањата. Останатите земји во регионот во 2017 година постигнаа раст од над 3 насто. Добрата туристичка сезона во Црна Гора допринесе економскиот раст на оваа земја да достигне 4,4 насто и на тој начин да стане земја со најголем раст меѓу Западнобалканските земји. Според извештајот Балкански барометар, под услов на среднорочен план да оживее пазарот на трудот, економскиот раст во западнобалканските земји се очекува раст од 4 насто.

За жал, стапката на невработеност во голем број балкански земји и натаму продолжува да се движи на високо ниво. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, стапката на невработеност во 2017 година во Косово изнесуваше 31 насто, во Банија по 14 насто. Лекува фактот дека над 50 насто од младите во голем број балкански земји се без работа.

Резултатите на извештајот Балкански барометар укажуваат на фактот дека стапката на невработеност и економската состојба се главни проблеми на Балканските земји. Балканскиот барометар со испитување на над 6000 испитаници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, освен тоа што го опипа пулсот регионот, исто така покажа дека 61 насто од народот од просекот на регионот сметаат дека невработеноста е еден од најзначајните проблеми, 46 насто дека тоа се економските проблеми, додека 29 насто корумпираноста.

63 насто од испитаниците истакнаа дека не се задоволни од развојот на националните економии, додека 44 насто не се задоволни од приходите на домаќинствата. 22 насто од испитаниците веруваат дека идната година уште повеќе ќе се влоши состојбата со приходите, додека 30 наасто се загрижени да не ја изгубат работата.

Извештајот Балкански барометар ги објавува и другите податоци кои посочуваат на социоекономските тешкотии во Балканските земји. На пример, 21 насто од анкетираните истакнаа дека не можат да ги исплатат сметките, 15 насто не можат да ги исплатат кредитите, меѓудругото 19 насто се жалат дека во зимските денови не можат доволно да ги загреат домовите, 39 насто дека размислуваат дури да заминат во други земји. 70 насто од анкетираните веруваат дека секој изминат ден се повеќе расте јазот меѓу богатите и сиромашните.

И натаму продолжува поддршката на процесот на пристапување на Балканските земји во ЕУ. 49 насто од регионалното население смета дека пристапувањето во ЕУ ќе биде добро и од корист, 30 насто пак мислат дека приемот нема да биде ниту добро ниту лошо, додека 15 насто од испитаниците сметаат дека ќе биде лошо. Гледано од аспект на нивоата на земјите, можат да се забележат значајни разлики во погледите  и ставовите. Само 29 насто од народот на Србија, додека 84 насто од народот на Албанија и Косово сметаат дека пристапувањето во ЕУ ќе биде добро и од корист. Поголемиот број од анкетираните сметаат дека пристапувањето во ЕУ ќе биде од корист од аспект на слободата на движење, економскиот просперитет и слободата на образование/вработување во ЕУ.

64 насто од испитаниците во ест балкански земји немаат доверба во судовите и правосудството. Само 26 насто од народот верува дека законите се спроведуваат доследно што претставува доста нико ниво на регионално ниво. 70 насто од испитаниците веруваат дека не се води ефикасна борба против корумпираноста. Овие показатели покажуваат дека треба да се извршат подобрувања во владеењето на правото и подоброто управување во шестте наведени балкански земји кои се предмет на испитувањето.

Во извештајот Балкански барометар се споделенеи и некои други податоци во врска со нивото на задоволството на балканските народи од образованието, јавните услуги, транспортната инфраструктура и некои други полиња. Но покрај сите тие, на преден план се истакнуваат проблемите во врска со пазарот на трудот и доброто раководење. Евентуаното спроведување реформи во овие две сфери ќе допринесе наведените балкански земји кои се предмет на ова истражување да постигнат значаен напредок во напорите за економски развој.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести