Иран, земјата на мета

Актуелно 33/2018

Иран, земјата на мета

Ембаргото кое што во времето на Махмут Ахмединеџад беше спроведено од страна на САД поради нуклеарната програма на Иран и нанесе голема штета на иранската економија. Актуелниот ирански претседател Хасан Рухани пак кој беше избран на оваа фунцкија во 2013 година и се оценува како умерен-реформист во овој контекст му влеваше голема надеж на иранскиот народ. Во времето на Рухани на крајот од одржаните преговори со земјите од групата П5+1 беше одлучено Иран да ги ограничи своите нуклеарни активности и да ги отвори своите нуклеарни постројки за надзор, а за возврат на тоа да се олеснат ембаргата над оваа земја. Потпишаниот нуклеарен договор пред Обединетите нации (ОН) стана извор на голема надеж за иранскиот народ и иранската економија. И покрај тоа што оваа состојба доведе до краткорочен скок во иранската економија по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД повторно почнаа да се доживуваат остри дискусии со Иран. Потоа САД на 8 мај 2018 година соопштија дека се повлекуваат еднострано од постигнатиот нуклеарен договор со Иран.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Откако САД соопштија дека ќе се повлечат од постигнатиот нуклеарен договор со Иран оваа состојба се одрази негативно на иранската економија. И покрај тоа што иранската држава го фиксира официјално курсот на доларот на 42 илјади ријали, американскиот долар забележа голем раст на слободниот пазар. Губењето од својата вредност на иранскиот ријал пред девизниот курс кое што започна од јануари на слободниот пазар достигна до ниво од 150 насто. Еден американски долар кој што во јануари 2018 година изнесуваше околу 44 илјади ријали во последните денови го надмина нивото од 110 илјади ријали.

Тоа што пред повторното ставање во примена на санкциите на САД кон Иран економијата на оваа земја се соочи со толку големи превирања, држи светло и на состојбата на Иран по ставањето во примена на ембаргото. Во позадината на санкциите кои што ги стави во примена американскиот претседател Доналд Трамп против Иран би можело да се каже дека повеќе од промената на режимот во оваа земја се наоѓаат стопирањето на експанзионистичката политика на Иран на Блискиот исток и ограничувањето на оваа земја во регионот. Впрочем, Заливските земји и Израел не го кријат тоа дека се вознемирени од експанзионистичката политика на Иран во регионот и дека сакаат заедно со САД да ја ограничат оваа земја. Се има за цел да се погоди Иран со ембарга, да се ограничат фондовите и изворите кои што ги префрлува на прокси елементите во регионот и на тој начин да се ограничи Иран.

Со санкциите кои што ги спроведуваат САД врз Иран се има за цел да се спречи тргувањето на Иран со американски долари, злато и други драгоцени метали. Освен тоа во склопот на ембаргата нема да се продаваат и авиони и авионски резервни делови на Иран. Санкциите целат и кон автомобилскиот сектор во Иран. Меѓу компаниите кои по заканата на САД со санкции ги сопреа своите инвестирања во Иран се наоѓа и Даимлер. Оваа компанија планираше да ги прошири своите инвестирања и да произведува камиони во Иран, меѓутоа во меѓувреме плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за спроведување санкции врз Иран беа причина компанијата да ги ревидира своите планови во оваа земја. Американскиот претседател во својата објава преку Твитер истакна дека оние компании кои и покрај ембаргата ќе тргуваат со Иран не ќе можат да тргуваат во САД.

Меѓутоа и покрај острите изјави на американскиот претседател Трамп земјите на Европската унија (ЕУ) се противат на ембаргата. На пример германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас им вети поддршка на европските компании кои делуваат во Иран. Велејќи дека во трговијата со Иран се прават обиди за да може да реализира трансферот на пари, Мас рече дека ги дочекуваат со жалење санкциите кои што САД ги спроведуваат врз Иран. Хеико Мас и покрај тоа што истакна дека трговските односи со Иран не се индексирани на профит и дека мислат за луѓето во Иран, познато е дека Европската унија (ЕУ) планира да обезбеди голема заработка од трговијата со Иран и дека со купување на нафта и природен гас од оваа земја сака да ја намали својата зависност од Русија. Тоа што САД заобиколувајќи ги европските земји го поништија постигнатиот договор со Иран би можело да се преобрази во значајно разидување меѓу Европската унија (ЕУ) и САД.

Тоа што САД во последно време ги зголемија одлуките за санкции и ембарго, всушност ја покажува промената во американската надворешна политика. САД кои и се закануваат на Турција преку судскиот процес против свештеникот Брансон истовремено применуваат санкции и против Русија. Освен тоа во оваа смисла треба да се читаат и даноците кои што почнаа да ги применуваат врз Кина. И покрај тоа што политиката на санкции и ембарго на САД, кои во палестинското прашање од говорницата на Обединетите нации (ОН) му се заканија на целиот свет, во краткорочен период би довела до позитивни резултати за нив, би можело да се предвиди дека во долгорочен период ќе ја доведе во опасност позицијата на САД во светот и ќе ги води кон осаменост.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести