Кога победував бев Германец, а кога почнав да губам станав доселеник

Актуелно 32/2018

Кога победував бев Германец, а кога почнав да губам станав доселеник

Во Европа постепено се повеќе растат расизмот и исламофобијата. Во Германија, како една од главните земји и елементи на Европската унија (ЕУ) се забележува дека функционира еден процес случен со оние трендови на Националсоцијализмот. Скандалот во врска со Месут Озил што се доживеа во Германија каде што расизмот и исламофобијата почнаа да се нормализираат, односно да дојдат во нормална состојба и напуштањето на германската фудбалска репрезентација од страна на Месут Озил, ѕвездата на оваа селекција, претставуваат значаен развој кој што покажува колку се зголемени расизмот и исламофобијата во оваа земја.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА..

 

Тоа што Месут Озил за време на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Англија се сликаше со претседателот на Турција од страна на германските медиуми и политичарите во Германија, беше доведено во состојба на голема криза во германското општество пред да започне Светското фудбалско првенство во Русија. Озил кој всушност од 2010 година во секоја прилика се среќаваше и сликаше со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган овојпат беше поставен на мета и беше подложен на расистички напади. Месут Озил, ѕвездата на германската фудбалска репрезентација, беше подолжен на расистички навреди и закани. Тој молчеше пред сиве овие навреди и закани, меѓутоа спротивно на барањето на претседателот на германската фудбалска федерација Реинхард Гриндел не се извини поради тоа што се сликаше со претседателот Ердоган.

Откако германскаата фудбалска репрезентација беше елиминирана на Светскиот куп сите германски медиуми веста за елиминирањето на Германија ја објавија заедно со фотографијата на Месут Озил, па претседателот на германската фудбалска федерација Рајнхард Гриндел одговорноста за елиминирањето на репрезентацијата ја префрли на Месут Озил. Тоа беше последната капка вода што ја прелеа чашата. Впрочем, Месут Озил и пред да се слика со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше подложен на исламофобични напади и навреди поради тоа што сподели фотографии од неговата посета на светите муслимански места каде што беше на умре.

Месут Озил пак престана да молчи и објави манифест од три дела. Всушност манифестот што Месут Озил со голема храброст го објави преку Твитер на англиски јазик со сета подробност ја изнесуваше точката до која што се дојдени расизмот и исламофобијата во Германија. Тој велеше: „Додека победував бев Германец, кога почнав да губав станав доселеник“. Озил со овој манифест што го објави всушност стана Мухамед Али на фудбалот. Месут Озил кој упати остри критики на сметка на Германија и особено на германската фудбалска федерација, воедно стана гласот и на турското и муслиманското малцинство кое живее во Германија.

Во својот манифест привлече внимание кон расизмот и дволичниот приод во Германија и подвлече дека неговото срце бие и за Турција и за Германија. Тоа што Озил застана во одбрана на фотографијата што ја сликаше заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и крајно јасно објасни како и покрај големиот број успеси што ги постигна за Германија е подложен на расистички напади, всушност ги изнесува и претставува ѝ размислувањата и чувствата на Турците кои живеат во Германија. Впрочем, особено турските граѓани кои живеат во Германија му честитаа на Месут Озил на социјалните медиуми, како јунак.

И покрај тоа што манифестот на Озил стана гласот на Турците и муслиманите во Германија и воедно ги претставуваше ѝ нивните размислувања и чувства овде од значење е поставувањето на прашањето Зошто еден пратеник не ги претставува размислувањата и чувствата на турското и муслиманското малцинство во оваа земја. Тоа што пратениците од турско потекло кои се наоѓаат во германскиот парламент и политичките партии во Германија не ги претставуваат турското и муслиманското малцинство и не водат грижа за нивните потреби претставува голем проблем за Германија. Од една страна со секој ден се повеќе се во подем расизмот и исламофобијата во Германија, а од друга нема ниту еден пратеник во оваа земја кој ги претставува Турците и муслиманите.

Особено поради оваа противречна состојба во Германија, Турција треба да следи поефикасна и поактивна политика за да ги одбрани правата и да им влева доверба на Турците и муслиманите кои живеат во оваа земја. Со тоа што Турција ќе обезбеди да се почувствува нејзиното присуство во германското општество и ќе води борба за Турците и муслиманите во Германија, ќе ги охрабри Турците и муслиманите кои живеат во оваа земја и ќе овозможи да се појават нови лица како Месут Озил кои слободно ќе можат да ги изнесуваат вистините. Доколку пак Турција не може да применува ефикасна и активна политика во Германија, Турците и муслиманите кои живеат во оваа земја постепено ќе почнат се повеќе да се соочуваат со оној подем на расизмот и исламофобијата во германското општество.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести