Национални проекти за безбедност и одбрана 03-2018

Беспилотните летала - националните камикази на Турција

Национални проекти за безбедност и одбрана 03-2018

Турција во рамките на борбата против тероризмот бара да купи дронови од САД кои можат да извршат самоубиствени пикирања, но САД не дозволува. Турција деновиве почна да ги користи првите национални камикази беспилотните летала Алпагу и Каргу, а исто така почна и со производството и користењето на леталото Тоган кое е наменето за набљудување.

Во продолжение ви го пренесуваме коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование на синдикатот Турк Харб-иш кој вели:

Турција во последно време привлекува големо внимание со производството на нови национални производи во одбранбениот сектор. Дроновите кои произлегоа од употребата за снимање од воздух почнаа да се применуваат во низа различни сектори. Во тие рамки дроновите или беспилотните летала – ИХА како што се познати во Турција и кои имаат голема предност во борбата против тероризмот ги произведуваме со домашни можности. Дроновите кои можат да извршат самоубиствени пикирања Турција бараше да ги купи од САД, но не ги продадоа. Непродавањето на овие производи од страна на стратешкиот партнер САД кои во борбата против тероризмот ќе обезбедеа поефикасна борба навистина беше зачудувачко. Новонастаната состојба Турција ја претвори во извонредна можност и почна да произведува домашни дронови и истите почна да ги користи. Турција националниот производ почна да го произведува со сопствени ресурси и домашни можности. Пристигнувањето на побарувања од различни земји за овие производи претставува значаен показател за успехот на Турција на тоа поле. Турција е една од трите земји во светот која произведува камиказа беспилотни летала.

Турција достигна значаен подем во технологијата на производство на беспилотни летала. Турција почна со сериско производство на вооружените беспилотни летала кои се сметаат за нови војници на небото и истите почнаа да се користат од страна на безбедносните сили.

Во продолжение да кажеме нешто за трите беспилотни летала кои од страна на Акционерското друштво Одбранбени технологии инженерство и трговија (СТМ). Тоа се АЛПАГУ (Самостојно тактичко ударно беспилотно летало со фиксирани крилја), КАРГУ (Самостојно ударно беспилотно летало со ротирачки крилја) и ТОГАН (Самостојно извидничко беспилотно летало со ротирачки крилја). Акционерското друштво Одбранбени технологии инженерство и трговија (СТМ) е формирано со одлуката на Извршниот комитет на одбранбената индустрија со цел да ги реализира потребите и задачите на Турските вооружени сили (ТВС) и Потсекретаријатот за одбранбена индустрија како што се системско инженерство, техничка поддршка, раководење со проекти, трансфер на технологија.

Турција првите камиказа и беспилотни летала за набљудување на Командата на специјалните сили и Командата на поморските сили им ги предаде во ноември 2017. Националното камиказа беспилотно летало КАРГУ беше употребено во операцијата Маслиново гранче во Африн. Леталото КАРГУ кое ја следеше групата од пет терористи кои бегаа, ги неутрализира на местото каде што терористите на ПКК најмногу се собираа. Благодарение на леталото Каргу, персоналот на специјалните сили, терористите ги уништи на растојание од 5 км. По операцијата во Африн, ова летало стана ноќна мора на терористите во Кандил.

АЛПАГУ (Самостојно тактичко ударно беспилотно летало со фиксирани крилја)

Националните дронови денес се најсилните борбени средства во асиметричните битки и операциите во борбата против тероризмот. Другото значење на зборот Алпагу е херој кој самостојно се бори против непријателот. Ова летало може да се носи од страна на само еден војник. По утврдувањето на непријателските цели истите може да ги уништи.

Според Акционерското друштво Одбранбени технологии инженерство и трговија (СТМ), некои технички карактеристики на ова летало се следните: извидување, набљудување и уништување на заканите од помал обем. Алпагу со способноста за обработување на вградени и слики во реално време како и капацитет за длабока анализа на алгоритмите, успешно ги уништува фиксните или подвижни цели.

КАРГУ (Самостојно ударно беспилотно летало со ротирачки крилја)

Зборот КАРГУ значи набљудувачка кула на врвот на планината или јастреб. Исто така се нарекува вооружен камиказа дрон со ротирачки крилја. Според компанијата произведувач Акционерското друштво Одбранбени технологии инженерство и трговија (СТМ), позначајните карактеристики на ова летало се следните: Каргу е ударно летало кое може да функционира самостојно или на далечинско управување и има ротирачки крилја. Системот се состои од следните компоненти: ударно летало со ротирачки крилја и контролна кутија од земја. Леталото Каргу е ефикасно во дневни и ноќни услови. Располага со можност за употреба на различни видови муниција и уништување на подвижните цели. Освен тоа што има способност за самоуништување исто така може да се самоуништи на подесена амплитуда.

ТОГАН (Самостојно извидничко беспилотно летало со ротирачки крилја)

Името на леталото Тоган потекнува од името на птицата сокол која со острите очи може да врши квалификувано набљудување, а со крилјата да прави кругчиња во воздух. Според компанијата произведувач Акционерското друштво Одбранбени технологии инженерство и трговија (СТМ), позначајните карактеристики на ова летало се следните: општи цели и набљудување. Леталото има софтвер за планирање за специфични  задачи како и оперативни способности. Леталото Тоган може да се носи и употребува самостојно или на далечинско управување од страна на само еден персонал. Исто така има ротирачки крилја со повеќе ротори.

Ова национално беспилотно летало на терористите не им дава можност да побегнат. Има способност да влезе дури во најмалите дупки и шуплини и да ги уништи терористите. Леталата Алпагу и Каргу за помалку од една минута можат да се спремат и да полетаат. Со носење противпешадиски мини, при пикирање кон целта може да достигне брзина од 120 до 140 км на час. Муницијата што ја носи уништува цели на 20 метри. Турција со овие национални одбранбени производи продолжува да важи за земја кошмар за сите терористички организаци.

Тоа беше коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование при синдикатот Турк Харб-иш посветен на Беспилотните летала - националните камикази на Турција.



Слични вести