Судскиот процес против НСУ и расизмот и исламофобијата во подем во Европа

Актуелно 30/2018

Судскиот процес против НСУ и расизмот и исламофобијата во подем во Европа

И покрај тоа што по судењето кое што траеше 5 години заврши судскиот процес против терористичката организација Националсоцијалистичко подземје НСУ, сеуште продолжуваат сомневањата и неизвесностите во однос на овој судски процес. Кај германската влада која тврди дека ќе извлече лекција од терористичката организација НСУ и кај општеството пак, во изминатиот период дојде до уште поголем пораст и проширување на расизмот и исламофобијата. 

Се дојде до крајот на судскиот процес против терористичката организација Националсоцијалистичко подземје (НСУ) против која беа изнесени обвиненија за убиство на 10 лица во Германија од кои 8 беа Турци, потоа за ограбување на банка и бомбашки напади. Во судскиот процес кој што повеќе од 5 години продолжуваше во Високиот покраински суд во Минхен им беше судено на главната обвинета Беате Чепе и на уште четири лица кои и помагале на оваа терористичка организација. Притоа на Беате Чепе и беше изречена казна доживотен затвор, а останатите четворица обвинети беа осудени на затворски казни во различно времетраење.          

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Јавното обвинителство и германските безбедносни единици наведуваат дека терористичката организација НСУ се состои од тројца членови. Тоа што освен Беате Чепе другите двајца членови на НСУ Уве Бохнхард и Уве Мундлос по извршениот грабеж на една банка на 4 ноември 2011 година беа најдени мртви во еден караван каде што се криеле и притоа беше наведено дека овие лица извршиле самоубиство, доведе до низа сомневања.

Освен тоа тоа што главната обвинета Беате Чепе и се предала на полицијата неколку дена откако ја запалила куќата-ќелијата која што како последно била употребена од страна на членовите на НСУ и тоа што терористичката организација НСУ била поврзана со Агенцијата за заштита на уставот ги зголеми сомневањата околу тоа дека некои страни на овој судски процес останале во тајност. Особено тоа што Агенцијата за заштита на уставот како служба за внатрешно разузнавање на Германија уништила 130 досиеја во врска со НСУ, го загарантира тоа никогаш да не се обелодени целосно вистината во позадината на НСУ. Впрочем адвокатите вклучени во судскиот процес не веруваат дека терористичката организација НСУ се состои од тројца членови.

И покрај тоа што судскиот процес против НСУ е завршен не можеше да се најде одговор на едно критично прашање како што е прашањето што знаеја во врска со НСУ безбедносните единици, а особено Агенцијата за заштита на уставот.

По убиствата кои што беа извршени од страна на терористичката организација НСУ германските безбедносни единици првенствено се посомневале од семејството на оштетениот и ја отфрлија можноста дека би можело да станува збор за расистичко убиство. Германските медиуми пак убиствата кои што беа извршени пред да се појави терористичката организација НСУ ги окарактеризираа како „Донер убиства“. Поради тоа што германските безбедносни единици ги изоставија од вид сите разузнавачки информации и ја отфрлија можноста во позадината на убиствата да се наоѓа една расистичка (неонацистичка) терористичка организација, терористичката организација НСУ можеше да ги продолжи своите убиства во текот на долги години при што животот го загубија вкупно 10 лица.

Заедно со тоа што сега судскиот процес против терористичката организација НСУ е завршен во исто време екстремната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) која е најголемиот показател за порастот на расизмот и исламофобијата во Германија, според испитувањата на јавноста  е дојдена во позиција на втора најголема партија која добива најголема поддршка во германската политика. Заедно со тоа што Алтернативата за Германија (АФД) е дојдена во позиција на втора најголема партија би можело да се каже дека расизмот и исламофобијата се сместени во германската политика и германското општество. Непријателството кон странците и антиисламизмот кои што долго време постојат кај општеството со АФД веќе се дојдени во уочлив глас.

Меѓутоа не само подемот на Алтернатива за Германија (АФД) истовремено и тоа што Христијанските социјалисти партнери во владата  презентираат сличен приод кон АФД и изнесуваат изговори и вршат активности кои што ги поттикнуваат непријателството кон странците и исламофобијата, ја покажува промената на Германија. Од Втората светска војна досега за прват пат кај германското општество во толкава мера дојдоа до подем расизмот и непријателството кон одредена религија.

Еден друг показател кој што ја покажува промената на германското општество пак е германската фудбалска репрезентација. Германската репрезентација која во 2014 година стана светски шампион  долги години се прикажуваше како успех на интеграцијата и мултикултурата. Фудбалерите со доселеничко потекло како што се Месут Озил, Илкај Ѓундоган, Сами Кедира, Лукас Подолски и Џером Боатенг се борат и потат за германската репрезентација. Меѓутоа, и германската фудбалска репрезентација го доби заслуженото од расизмот. Првиот голем скандал беше доживеан со изјавата на претседателот на Алтернативата за Германија (АФД) Александер Гауланд кој истакна дека „народот не го сака Боатенг за свој сосед“. Вториот голем скандал пак се доживеа откако Месут Озил и Илкај Ѓундоган во Англија се сликаа со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Впрочем како одговорен за елиминирањето на германската фудбалска репрезентација во групните натпревари на светското првенство 2018 во Русија беше прикажан Месут Озил кој се сликаше со претседателот Ердоган.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести