Национални проекти за безбедност и одбрана 02-2018

Националниот брод на Турција: МИЛГЕМ

Национални проекти за безбедност и одбрана 02-2018

Националниот брод за подводна одбрана и извидување кој е познат под кратенката МИЛГЕМ и важи за еден од најзначајните проекти на земјава беше произведен со домашни можности во Командата на бродоградилиштето во Истанбул. Досега во рамките на проектот Турција изгради 4 национални бродови за своите потреби. Меѓудругото Турција го доби тендерот за изградба на 4 бродови за потребите на Пакистанските поморски сили.

Во продолжение ви го пренесуваме коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование на синдикатот Турк харб-иш кој вели:

Националниот брод за подводна одбрана и извидување (МИЛГЕМ) кој важи за еден од најзначајните проекти на земјава беше изграден со домашни можности во военото бродоградилиште. По започнувањето на проектот секако дека повремено се соочувате со одредени тешкотии и пречки. Истите се појавија и појавуваат и на патот за изградба и производство на националните одбранбени производи на Турција. Но покрај тоа продолжува остварувањето на проектот. За проектот во бродоградилиштето на командата во Истанбул дознава и тогашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган кој изрази силна поддршка на остварувањето на проектот со зборовите: Што се ќе биде потребно направете, јас ќе ве подржувам. Како резултат на оваа поддршка, денес Турција го пушти во употреба и четвртиот брод. Освен тоа потпишавме договор со Пакистан за изградба на уште 4 бродови. Во рамките на  проектот, првиот брод ТЏГ ХЕЈБЕЛИАДА (Ф-511) беше пуштен во употреба на 27 септември 2011, вториот брод ТЏГ БУЈУКАДА (Ф-512) на 27 септември 2013 и почнаа да дејствуваат во рамките на командата на поморските сили. Третиот брод ТЏГ БУРГАЗАДА (Ф-513) беше пуштен во употреба на 18 јуни 2016, додека четвртиот брод ТЏГ КИНАЛИАДА (Ф-514) на 3 јули 2017 година беше пуштен во пловидба но и натаму продолжува опремувањето на бродот.

Корветата МИЛГЕМ има висока одбранбена способност и е изградена со висока отпорност на шокови од подземни експлозии. Без логистичка поддршка може да плови по морето цели 10 дена. Има лесно и брзо адаптивна конфигуратувна структура на технолошките достигнувања. Хеликоптерот тежок 10 тони, дење и ноќе може да полетува од корветата.

Корветата МИЛГЕМ располага со моќ за војување над вода, подводна одбранбена војна воздушно одбранбена способност, извидување, одбрана против асиметрични закани и командно-контролна задача. Гледано од аспект на наведените способности, МИЛГЕМ се смета за еден од најразвиените воени бродови.

 

МИЛГЕЛМ располага со низа карактеристики и системи. Во тие рамки со цел за остварување на зададените оперативни задачи МИЛГЕМ располага со следните карактеристики:

Системи за пребарување и следење на целите во воздух, над вода, под вода и електронска војна,

Ракети со насочување и топовски системи против надводни цели,

Торпедо системи против подводни цели,

Систем за електронска поддршка и ласерско предупредување (ЛИС) и радар/и со ласерски излез РФ/ласер како и можност за утврдување на радари со ласерски излезни системи РФ/Л како и Г/М,

Системи за војување со напредна технологија.

Сите наведени системи се интегрирани под Националната командна контрола и поседуваат контролни системи за оган.

При остварувањето на проектот национален брод МИЛГЕМ, Потсекретаријатот за одбранбена индустрија (ССМ) и Командата на поморските сили максимално ги искористија националните можности и во тие рамки првпат во Турција беше остварен проект согласно актуелната технологија, која располага со високи стандарди, со поддршка на домашната индустрија беше остварен проектот за дизајн и интеграција на сложен надводен воен брод. Националниот брод МИЛГЕМ беше остварен во заедничка соработка и со поддршка на сите јавни установи, работници, офицери и подофицер во бродоградилиштето Истанбул. Во производството на националниот брод на Турција беше покажан извонреден перформанс така што денес истите овиое бродови се продаваат и во странство.

 

Тендерот за 4 корвети за потребите на пакистанските поморски сили заврши на 5 јули 2018 и го одби Турција. Со вкупен износ од 5 милијарди долари, Турската одбранбена индустрија влезе во историјата со највисок износ на извоз на Турција. Со тендерот се предвидува изградба на 4 воени бродови од домашно производство по системот клуч во рака. Двете од корветите ќе се изградат во командата на бродоградилиштето во Истанбул, додека останатите две во Карачи во Пакистан.

Додека Турција од една страна ги прави националните бродови за своите потреби, од друга страна пак овие бродови почна да ги продава на другите земји во светот. Освен економскиот придонес, изградбата и продажбата на овие бродови ќе има мултилатерални придонеси.

Тоа беше коментарот на Таркан Зенгин, директорот за образование при синдикатот Турк харб-иш посветен на Националниот брод на Турција МИЛГЕМ.



Слични вести