Хуманитарната помош и мигрантската политика на Турција

Актуелно 29/2018

Хуманитарната помош и мигрантската политика на Турција

Хуманитарната помош и мигрантската политика на Турција се најде на првото место во светот со што му одржува лекција по човештво на целиот свет. Турција како земја која доделува најголема хуманитарна помош во светот му покажува на целиот свет како треба да се цени човекот, како треба да се споделува и потпомага. Приодот на Турција во надворешната политика која му придава важност на човекот, спротивно на земјите кои под изговор на човековите права се кријат зад вратите, докажува фактички дека треба да му се придава важност и да се цени човекот поради тоа што е човек. Воедно тоа што Турција истовремено е земја која згрижува најголем број бегалци ја презентира разликата на приодот на Турција по ова прашање. 

Согласно извештајот за Глобална хуманитарна помош од 2018 година, Турција стана земја која минатата година, во 2017, додели најголема хуманитарна помош. Турција која е избрана за најдарежлива земја во светот доделува хуманитарна помош која изнесува околу 0,85 насто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП). Земји кои доделија најголема хуманитарна помош во 2017 година после Турција според нивниот бруто домашен производ (БДП) беа Луксембург и Норвешка со 0,17 насто.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Според извештајот на Организацијата за развојни иницијативи со седиште во Англија, Турција минатата година додели хуманитарна помош во висина од 8,07 милијарди долари и ја зазеде позицијата на земја која додели најголема хуманитарна помош во светот. После Турција најголема хуманитарна помош доделија САД со 6,68 милијарди долари. Меѓутоа со таа разлика што хуманитарната помош доделена од страна на САД изнесува само 0,04 насто од нивниот бруто домашен производ (БДП). После САД пак, земја која додели најголема хумантарна помош е Германија со 2,52 милијарди долари.

Тоа што Турција води со голема разлика во хуманитарната помош го потцртува сфаќањето на наддворешната политика на Турција со кое му се дава важност и се цени човекот. Тоа ја покажува и разликата на Турција во светот. Тоа што на земјите кои тврдат дека се поборници и бранители на човековите права и демократијата заостануваат многу зад Турција, е од најзначајните податоци кои што покажуваат оти тврдењата не ја презентираат вистината. Тоа што Турција пак е на прво место во светот со голема предност во доделувањето на хуманитарна помош  докажува дека Турција со право и во дело им придава вредност и ги цени човековите права и дека тоа не го прави само на збор.

Како додаток на хуманитарната помош Турција истовремено е и земја која згрижува најголем број бегалци во светот, што пак повторно ја изнесува разликата на Турција. Таа згрижува и е домаќин на 3,5 милиони бегалци и различно од голем број земји во светот тоа го покажува нејзиниот хуманитарен и совесен приод. Турција спротивно на голем број земји и им придава важност и ги цени луѓето кои се засолнуваат кај неја како бегалци и им придава важност и ги цени луѓето вон границите во смисла на хуманитарната помош.

Во период кога особено расте расизмот во светот, се применуваат строги политики против бегалците и се останува набљудувач пред давењето на луѓето во Средоземното Море приодот на Турција буди гордост во име на целото човештво. Тоа што и покрај интензивниот број на бегалци во Турција не е доживеана политичка нестабилност и не е дојдено до пораст во расизмот во земјата, докажува дека аргументите против бегалците во светот не ја презентираат вистината. Бегалската криза во Европската унија (ЕУ) и САД всушност покажува дека таму постои расизам и непријателство кон странците.

На пример, најголемата криза во историјата на заедништвото на Христијанските демократи (Демохристијаните) и Христијанските социјалисти кои како братски партии во владата во Германија учествуваат заедно на изборите, произлезе од тоа што Христијанските социјалисти побараа да се следи поостра политика против бегалците. Тоа што во границите на Европската унија (ЕУ) која располага со над 550 милиони жители е дојдена една третина од бројот на бегалци од оние кои се дојдени во Турција, доведе до голема криза во целата Унијата и тоа го доведе во опасност и партнерството помеѓу европските земји. Дојде до зголемување во бројот на гласови на екстремните десничарски партии во земјите на Европската унија (ЕУ) и во голем број земји дојдоа во положба на втора или трета најголема политичка партија .

Во Турција пак и покрај тоа што има за три пати поголем број бегалци од целата Европска унија (ЕУ) не е доживеана бегалска криза. Основата на хуманитарниот приод кон бегалците во Турција несомнено лежи во волјата што ја презентира по ова прашање претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести