Зачудувачки развој во турската одбранбена индустрија

Агенда 28/2018

Зачудувачки развој во турската одбранбена индустрија

Турција во изминатите години постигна голем напредок во сферата на одбранбената индустрија. Турската одбранбена индустрија која со сопствени домашни можности успеа да произведе низа системи на оружје и муниција, од една страна ја намалува зависноста на Турските вооружени сили (ТВС) од надвор, а од друга обезбедува значаен придонес за турската економија и турската надворешна политика. И покрај тоа што развојот на турската одбранбена индустрија не се протега до толку одамна, таа по формирањето на првата влада на АК Партијата во 2002 година доби нов интензитет. Благодарение на системите на оружје кои што се развија, со текот на годините достигнаа до посилна позиција Турција и Турските вооружени сили (ТВС).

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Благодарение на потезите за развој кои што ги оствари Турција во одбранбената индустрија, Таа постигна голем напредок во сферите на копнените средства, поморските средства, воздухопловството и вселената, борбените и електронските системи, системите на оружје, радарите и електронската борба, логистиката и обуката. Турската одбранбена индустрија која произведе успешни оклопни возила како КИРПИ, БМЏ ЕФЕ, КАЈА, ПАРС, ЕЖДЕР ЈАЛЧИН, КПБРА и УРАЛ, од една страна овие возила им ги предаде на Турските вооружени сили (ТВС), а од друга истите ги извезува и во странство. Особено откако ги докажаа своите успеси во рамките на борбата против тероризмот турските оклопни возила почнаа да уживаат поголема заинтересираност во странство. Тоа што турските производи се дури и над НАТО стандардите, производствените трошоци се мали и нивната продажба во странство не се обусловува или поврзува за политички причини, стана причина турските производи да бидат уште повеќе барани на меѓународниот пазар. Турција сличен успех со оној кој што го постигна во копнените возила, постигна и во поморските и воздушните средства.

На пример поморските возила МИЛГЕМ и хеликоптерот АТАК кои што ги разви турската одбранбена индустрија со свои сопствени национални можности ја остварија најголемата продажба во историјата на турската одбраната. Тоа што Пакистан купи 30 хеликоптери од Турција во износ од 1,5 милијарди долари, обезбеди голем придонес и за турската економија и за турско-пакистанските односи. По договорот што го склучи Пакистан за купување на хеликоптери АТАК, беше потпишан договор за купување и на 4 бродови МИЛГЕМ од Турција, што пак претставува најголем извоз во одбранбената индустрија кој што е остварен во историјата на Турција. Друг показател за успехот што го постигна Турција во воздухопловните средства пак е наоружаното и ненаоружаното беспилотно летало БАЈРАКТАР. Во рамките на Саемот „DİMDEX 2018“ што се одржа во Катар беше постигнат договор за извоз во оваа земја на 6 беспилотни летала БАЈРАКТАР ТБ2. Како што се истакнува на овој саем истовремено беше постигнат договор за извоз и на копнени возила БМЏ, АМАЗОН, КИРПИ, ЕЖДЕР ЈАЛЧИН, брод за обука АКИД, пловечки платформи од различен вид Арес и Јонџа Онук МРТП-24/У, што претставува склучен договор во вкупен износ од 700 милиони турски лири (приближно 150 милиони долари).

Друг показател кој што го покажува успехот на турските воздухопловни средства пак е потпишаниот меморандум за разбирање помеѓу Украина и Турција за продажба на беспилотни летала БАЈРАКТАР и изградба на заедничка фабрика.

Од аспект на покажување на успехот на турската одбранбена индустрија пред нас се појавуваат операцијата Еуфратски штит и операцијата Маслиново гранче и тоа како две доста значајни воени операции. Во овие операции во кои Турските вооружени сили (ТВС) водат борба против терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ на преден план се појавија производи, односно оружја произведени од страна на Турската одбранбена индустрија. Едната од главните причини поради кои што турската војска и покрај непогодните услови во Сирија постигна голем успех и во двете операции, сигурно е развојот што го постигна и постигнува Турција во одбранбената индустрија.

Тоа што за време на операцијата Еуфратски штит и операцијата Маслиново гранче производите на турската одбранбена индустрија речиси 100 посто ги обезбедија потребите и на двете операции, покажа дека Турција ја зголеми и својата независност. Во двете операции имаше 6 одделни производи од одбранбената индустрија кои што се наоѓаа на преден план: Националната пешадиска пушка, хаубиците Фиртина, наоружаното беспилотно летало СИХА БАЈРАКТАР, хеликоптерот АТАК, ЕЖДЕР ЈАЛЧИН и КИРПИ.

Тоа што турската војска ја употреби националната пешадиска пушка, целите на територијата на Сирија ги утврди и уништи со ненаоружани беспилотни летала ИХА и наоружани беспилотни летала СИХА, хаубиците Фиртина со голем успех ги уништија целите во границите на Сирија, хеликоптерите АТАК беа ефикасно употребени против терористичките цели на непогодниот планински терен како што е Африн, оклопните возила ЕЖДЕР ЈАЛЧИН и КИРПИ го штитеа турскиот војник од терористичките напади, всушност претставуваше најголема проба за турската одбранбена индустрија. Воедно тоа што системите на оружје произведени од страна на турската одбранбена индустрија постигнаа успех на вистинско бојно поле, претставува демонстрација на сила за одбранбената индустрија на меѓународна арена.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести