Дера, градот од каде започна револуцијата на мета на режимот

Агенда 27/2018

Дера, градот од каде започна револуцијата на мета на режимот

Продолжуваат нападите на Асадовиот режим поддржан од  Русија и Иран врз Дера на југот на Сирија. Режимските сили постигнаа големи придобивки во нападите врз подрачјето на градот Дера, една од тврдините на сириската опозиција од каде што започна сириската револуција, додека цивилите бегаат кон границата со Јордан. Заедно со отворањето на јорданската граница се доживува голема човечка драма на јорданско-сириската граница. Поради тоа што сириските опозициски воени сили не делуваат заеднички во единство против режимот и некои од тие групи со посредување на Русија се договорија со режимот, голем број градови без војна преминаа под контрола на режимските сили. Друга димензија на случувањата на југот на Сирија пак е израелско-иранската затегнатост. Доближувањето на милициските елементи поддржани од Иран во близина на границата со Израел можат да доведат до зголемување на затегнатоста помеѓу двете земји.    

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Во почетокот на месец јуни во јавноста се појавија информации дека Асадовиот режим прави подготовки за започнување операција кон Дера. Потоа пак подготовките на режимот во воена смисла и пристигнувањето во подрачјето беа надовесници на операцијата. Во подрачјето на Дера во изминатите години не беа водени сериозни судири и борби помеѓу режимот на сириската опозиција. Впрочем Русија и САД постигнаа договор во однос на подрачјето и оваа област ја дефинираа како област за намалување на затегнатоста. Меѓутоа тогаш кога ќе требаше да започнат операциите на режимот јавноста беше информирана дека функционерите на САД нема да ги бранат сириските опозиционери и дека ја повлекуваат политичката заштита. Во испратеното соопштение од страна на амбасадата на САД во Јордан до лидерите на сириските опозициони групи и покрај сите договори и ветувања, беше истакнато дека САД нема да ги заштитуваат пред Русија и режимските сили. По започнувањето на воздушните напади на Русија и Асадовиот режим врз подрачјето на Дера од базата Хумејмин на Русија беше објавено соопштение во правец на тоа дека се укинува областа за намалување на затегнатоста во Дера.

Поради тоа што подрачјето на Дера долго време како релативно живееше во мир и спокојство, поголемиот дел од народот во ова подрачје живееше во своите домови. Меѓутоа откако Русија, Иран и режимот на Асад започнаа операција кон Дера  и реализираа воздушни напади во подрачјето започна голем бран на раселување. Повеќе од 270 илјади луѓе ги напуштија своите домови. Од страна на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека меѓу тие лица кои ги напуштиле своите домови 40 илјади Сиријци пристигнале на границата со Јордан и се обидуваат да влезат во оваа земја. Јордан која досега прими 650 илјади сириски бегалци следи политика на затворени врати кон новите сириски бегалци. И покрај тоа што Јордан организира акции за доставување хуманитарна помош за Сиријците на спротивната страна на границата, поради напредувањето на режимските сили во подрачјето на Дера цивилите се подложени на голема опасност. Впрочем и Обединетите нации (ОН) упатија повик до Јордан да ги отвори своите граници за сириските бегалци.

Во подрачјето на Дера продолжуваат да се водат судири помеѓу Русија, Иран и силите на режимот на Асад и сириските позиционери. Откако режимските сили мошне брзо ја зазедоа областа Лаџат, голем број сириски опозициони групи со посредување на Русија постигнаа договор со режимот. Опозиционерите во градовите Даел, Босра ал Шам и Ибта го предадоа своето оружје на режимските сили. Од друга страна силната воздушна поддршка на Русија и прекинот на помошта од страна на САД ги ослабува сириските опозиционери кои продолжуваат да пружат отпор против режимските сили.

Друга држава која е подложена на влијанието на случувањата во јужниот дел на Сирија е Израел. Познато е дека Израел пред операцијата во подрачјето на Дера оствари разговори со Русија и постигна договор Иран и проиранските милициски сили да не учествуваат во оваа операција. Меѓутоа случувањата на теренот покажуваат дека Иран и проиранските милициски сили учествуваат во оваа операција. Тоа што Израел низа пати реализира воздушни напади врз Иран и проиранските вооружени групи и приближувањето на проиранските милициски сили на границата со Израел може да стане причина за појава на нови тензии помеѓу двете земји.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести