Победата на Ердоган и турската надворешна политика

Актуелно 26/2018

Победата на Ердоган и турската надворешна политика

Турција на 24 јуни ги избра и својот претседател и своите пратеници во собранието. На изборите кои што беа следени со голема заинтересираност од страна на светската јавност актуелниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган во првиот круг од изборите со 52,6 насто од гласовите беше избран за прв претседател на новиот систем на управување, претседателскиот систем на власта, а Сојузот Џумхур составен од Партијата за правда и развој (АК Партијата) и Партијата за националистичко движење (МХП) го освои мнозинството во собранието. На тој начин заедно со изборните резултати Турција фактички го реализира преминот кон нов систем. Изборите во Турција наидоа на голем одзив во земјата со излезеност од 87 насто, а воедно изборите беа одблизу следени и од страна на светската јавност. Победата на Ердоган и Сојузот Џумхур на изборите во Турција е резултат во својство на ПРОДОЛЖУВАЊЕ и за надворешната политика и за борбата против тероризмот.     

Во врска прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Во последно време Турција презентираше ефикасен и проактивен приод и делуваше со мултилатерален приод во правец на своите сопствени интереси. Турција која од една страна работи заедно со своите сојузници во НАТО, а од друга со Русија и Иран истовремено следи ефикасна надворешна политика и на Блискиот исток, Балканот, во Азија и во Африка. Меѓу најзачајните елементи кои ја поддржуваат ефикасната надворешна политика на Турција на преден план се наоѓаат хуманитарната помош и одбранбената индустрија. Турција како 13-та најголема економија во светот е на прво место во светот во доделување на хуманитарна помош. По Турција следуваат САД кои се најголема економија во светот. Хуманитарните активности на Турција се од најзначајните податоци кои ја презентираат вредноста која што ја дава Турција на човекот.

Од друга страна потезите кои што ги фрла Турција во одбранбената индустрија се од значајните податоци кои ја покажуваат улогата на Турција во надворешната политика. Продажбата на хеликоптери Атак од страна на Турција на Пакистан, продажбата на оклопни возила на Заливските земји и истовремено побарувачката за наоружаните и ненаоружаните беспилотни летала СИХА и ИХА кои што ги произведува самата, ја покажува и технолошката придобивка со која што се стекна Турција.

Изборните резулттаи од 24 јуни се во смисла на зелено светло за продолжување на приодот на Турција во надворешната политика на чело со хуманитарната помош и одбранбената индустрија. Турскиот народ всушност рече „ПРОДОЛЖУВАЊЕ“ за помошта која што им се доделува на луѓето од Сомалија кои имаат потреба од помош.

Изборните резултати во Турција истовремено имаат големо значење за борбата против тероризмот. По ставањето крај на присуството на терористичката организација ДЕАШ на границата на Турција со операцијата Еуфратски штит во Ирак, со операцијата Маслиново гранче е исчистено од терористичката организација ЈПГ/ПКК и подрачјето на Африн во Сирија. Операцијата одлучност која што продолжува во Ирак и со која все има за цел да се пресечат линиите на снабдување на ПКК од Ирак кон Турција и целосно да се исчисти подрачјето на планината Кандил центарот на терористичката организација, би можело да се каже дека со изборните резултати ќе продолжат од онаму каде што застанаа. Борбата против терористичките организации која што ја прогласи Турција во контекст на борбата против тероризмот во склопот на новата доктрина нема да биде ограничена со нејзините територии и во овие рамки ќе биде елиминирано присуството на тероризмот и преку границите. Со трите операции кои што се реализираа и продолжуваат да се реализираат во контекст на новата доктрина истовремено во голема мера се намалени и терористичките активности внатре во границите на Турција. Со елиминирање на изворот на тероризмот се има за цел да се стави крај на тероризмот во Турција.

Од друга страна, во склопот на утврдената патна карта на Турција и САД терористичката организација ЈПГ ќе го напушти подачјето на Менбич во Сирија и двете сојузници на НАТО заедно ќе ги воспостават безбедноста и цивилната управа во ова подрачје. Патната карта која што е ставена во примена во склопот на постигнатиот компромис пред изборите на 24 јуни со изборот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во првиот круг од изборите како прв претседател на новиот претседателски систем на власта продолжува без застој, или така да се каже сопнување. На ист начин и процесот од Астана кој што е формиран и продолжува под гаранторството на Турција, Русија и Иран, а со цел намалување на затегнатоста и подготвување на основата за мир во Сирија би можело да се каже дека по изборите во Турција ќе продолжи на ист начин. Впрочем, да не се доживее неизвесност и да продолжи стабилноста по изборите во Турција претставува позитивен развој за сите постигнати договори со Турција.    

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести