ОПЕРАЦИЈА ЗА ОДЛУЧНОСТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ

Агенда 24/2018

ОПЕРАЦИЈА ЗА ОДЛУЧНОСТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ

Во рамките на новата доктрина за борба против тероризмот што ја прогласи по обидот за преврат на 15 јули 206 година Турција повеќе нема да ја ограничи борбата против тероризмот со сопствените граници и ќе го уништи тероризмот во неговиот извор. Во склопот на новата доктрина за борба против тероризмот Турција откако со операцијата Еуфратски штит ја исчисти својата граница од елементите на терористичката организација ДЕАШ, со операцијата Маслиново гранче успеа да го исчисти од терористичките елементи  и подрачјето на Африн во Сирија. Борбата на Турција против терористичката организација ПКК/ЈПГ по Африн е пренесена на подрачјата на Кандил, Синџар и Менбич. Воените операции против подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак започнаа пред неколку месеци, како резултат на дипломатскиот процес со САД е определена патна карта за Менбич на северот на Сирија, додека за Синџар на северот на Ирак се подготвени и дипломатски и воени опции.         

Во врска прашањето ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој ја резимираше борбата на Турција против тероризмот рече: „Нашите единици на теренот чекор по чекор напредуваат кон пештерите на терористите. И покрај тоа што опозицијата не го сака тоа онака како што ги исчистивме Африн, Џераблус, Ел Баб и Азез од толпата убијци со Аллахова помош ќе го исушиме и терористичкото мочуриште во подрачјето на Кандил. И покрај тоа што се вознемирени оние кои се сопатници на политичките продолжетоци на сепаратистичката организација целосно ќе го исклучиме тероризмот од дневниот ред на оваа земја. Секако првенствено ќе им одржиме вистинска лекција на изборите на оние кои истите приговори кои што до вчера ги изнесуваа кон операцијата во Африн, денеска ги изнесуваат и кон Кандил.“

Претседателот Ердоган на 11 јуни рече: „Ги започнавме нашите операции и кон Кандил и Синџар. Со 20 наши авиони уништивме 14 значајни цели. Ги погодија се вратија, не заврши ќе продолжи.“ со што пред неколку месеци беа започнати подготовките и операциите на теренот за операцијата на Кандил која што и официјално беше прогласена. Со операцијата која се водеше тивко и безгласно од страна на Турските специјални сили и командоски единици е дојдено до 24 километри од Кандил и се формирани 11 набљудувачки бази.

Турција со операцијата во границите на Ирак освен Кандил има за цел да го исчисти од параван организациите како што се ПКК и ЈБШ и подрачјето на Синџар кое истовремено се користи од страна на тероористичките организации како маршрута за премин помеѓу Сирија и Ирак. Откако во подрачјето на Синџар дојдоа ирачката централна влада и САД, ПКК/ЈБШ во одредена мера се повлече одовде. Меѓутоа ПКК/ЈБШ сеуште го продолжува своето присуство во подрачјето.

Турција својата борба против тероризмот не ја ограничува само со воени операции, Таа истовремено води и интензивна дипломатија. Тоа што ирачката централна влада и регионалната управа во северниот дел на Ирак не даваат некоја сериозна реакција во врска со операцијата во Ирак која што продолжува, е успех на турската дипломатија. На ист начин се водеше процес на интензивна дипломатија и со САД кои во Сирија делуваат заедно со ПКК/ЈПГ во подрачјето на Менбич.

Со дипломатскиот сообраќај кој што се водеше помеѓу САД и Турција двете земји ја определија патната карта за Менбич. Според тоа, припадниците на ПКК/ЈПГ од подрачјето на Менбич ќе се повлечат источно од реката Еуфрат, Турција, САД и Франција ќе реализираат заеднички извидувачки активности и ќе делуваат заеднички во регионот. Во последната етапа пак во подрачјето на Менбич ќе се формираат  ново локално собрание и нови единици за одбрана.

Турција со дипломатијата што ја води со САД по прашањето на Менбич определи соодветна патна карта, меѓутоа тоа не е ограничено само со Менбич. Тоа истовремено може да стане вид модел и за терористичкото присуство источно од реката Еуфрат. Успешното спроведување на патната карта на Менбич може да доведе до спроведување на истата патна карта и во места како што се Рака, Дејр ез-Зор и Тел Абјад. Врпочем локалниот народ во подрачјата на Рака, Дејр ез-Зор и Тел Абјад е вознемирен од зулумот на ЈПГ.

Турција која во општа смисла постигна големи успеси во рамките на својата нова доктрина за борба против тероризмот, воедно фрла значајни чекори со преземање на низа потези во наредниот период да го елиминира или да го сведе на минимум проблемот со тероризмот. Откако терористичката организација ПКК/ЈПГ во последните години искористувајќи го хаосот во Ирак и Сирија го прошири својот простор на влијание прекуграничните потези на Турција го ограничија присуството на терористичката организација и се намали бројот на терористичките напади во границите на Турција, која пак во наредниот период ќе напредува со одлучни чекори во правец на целосно елиминирање на тероризмот.

Тоа беше коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести