ДОГОВОРОТ ЗА МЕНБИЧ ПОМЕЃУ ТУРЦИЈА И САД

Агенда 23/2018

ДОГОВОРОТ ЗА МЕНБИЧ ПОМЕЃУ ТУРЦИЈА И САД

Во последните години се доживува затегнатост помеѓу Турција и САД во однос на низа различни прашања. На односите помеѓу двете земји им наштетуваат особено тоа што САД не го предаваат водачот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) Фетулах Ѓулен кој по обидот за воен удар продолжува да живее во Пенсилванија и тоа што отворено ја поддржуваат и ја прогласија за свој сојузник ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Операцијата Еуфратски штит и операцијата Маслиново гранче кои што ги реализира Турција во рамките на својата нова доктрина за борба против тероризмот и како додаток на тоа и 12-те набљудувачки пунктови кои што ги поставија Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на градот Идлиб, а во рамките на процесот од Астана, ја зголемија и ефикасноста на Турција во регионот. Турција со операцијата Маслиново гранче ја исчисти од тероризмот едната од најзначајните бази на терористичката организација ЈПГ и воедно овој успех ја зајакна раката на Турција по прашањето на Менбич.            

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Менбич во првите години од сириската револуција беше заземен од страна на Слободната сириска армија, а во 2014 година беше окупиран од страна на терористичката организација ДЕАШ. Во 2016 година пак меѓународната коалиција на чело со САД заедно со Сириските демократски сили чиј главен ’рбет го сочинува терористичката организација ЈПГ започнаа операција во подрачјето на Менбич. По приговорите и предупредувањата на Турција САД и ветија на турската страна дека по исчистувањето на подрачјето од ДЕАШ припадниците на ЈПГ повторно ќе се повлечат источно од реката Еуфрат и подрачјето ќе биде под контрола на локалните арапски елементи. И покрај изјавите на американските функционери во однос на тоа дека ЈПГ се повлече од Менбич припадниците на оваа терористичка организација не го напуштија подрачјето. Освен тоа Воениот совет на Менбич кој беше формиран од страна на САД за подрачјето на Менбич делува како параван организација на ЈПГ. И покрај тоа што Воениот совет на Менбич е независен во формалност овој совет се усмерува од страна на Џемил Мазлум и Исмаил Дерик кои директно се назначени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Како додаток, голем број новинари кои информираат од подрачјето истакнуваат дека ПКК/ЈПГ во училиштата во подрачјето врши пропаганда на сопствената идеологија.

Значаен фактор кој што ја зајакнува раката на Турција за подрачјето на Менбич е тоа што локалниот народ е вознемирен од управата на ЈПГ. Впрочем илјадници лица кои избегале од подрачјето на Менбич се засолнија во ослободените области со операцијата Еуфратски штит. Освен тоа племенските заедници и локалниот народ во подрачјето на Менбич одржаа голем број протести против насилното земање под оружје на младите и измачувањата од страна на ЈПГ. Движењето Ел Кијам кое делува под земјата и извршува атентати врз припадниците на ЈПГ е формирано во Менбич и своите први акции ги изведе таму.

Изјавите и подготовките на Турција кон Менбич по операцијата Маслиново гранче, беа повод за започнување на дипломатскиот сообраќај помеѓу функционерите на САД и Турција. Во склопот на посетата на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон на Турција беше формирана заедничката турско-американска група, а со цел постигнување договор и изнаоѓање среден пат по прашањето на Менбич. И покрај тоа што по завршувањето на должноста на Рекс Тилерсон процесот наиде на застој, по назначувањето на Мај Помпео за нов американски државен секретар процесот продолжи од онаму каде што беше прекинат. Беше постигнат договор во однос на триетапна патна карта која што беше утврдена од страна на заедничката турско-американска група. Во рамките на оваа патна карта ЈПГ ќе го напушти подрачјето на Менбич, Турција и САД ќе воспостават заедничка контрола во подрачјето на Менбич и ќе се формира нова управа од локалните елементи во подрачјето на Менбич.

Постигнувањето договор помеѓу Турција и САД во Менбич располага со потенцијал за олеснување на затегнатоста и зајакнување на соработката помеѓу двете земји на НАТО. Меѓутоа неколку точки претставуваат голем предизвик за утврдената патна карта и билатералните односи. Доколку не се спроведува утврдената патна карта, односно доколку припадниците на ЈПГ не излезат од Менбич ќе се доживее нова криза во билатералните односи. Освен тоа значаен проблем кој што треба да се реши помеѓу двете земји е прашањето во однос на тоа кои организации и кои лица се поврзани со ПКК/ЈПГ. На пример според изјавите на САД Воениот совет на Менбич е целосно независен. Меѓутоа овој совет во пракса е директно усмеруван-управуван од страна на Кандил. Еден друг проблем пак е присуството на ЈПГ источно од реката Еуфрат. Од аспект на Турција патната карта во Менбич треба да стане модел и да се применува во сите области кои се под контрола на ЈПГ. Впрочем и постоењето на терористичката организација ЈПГ источно од Еуфрат претставува закана за националната безбедност на Турција. САД пак би можеле да се спротивстават на применувањето на патната карта во Менбич источно и од Еуфрат. САД би можеле да не сакаат да применуваат едно вакво сценарио од аспект на нафтените полиња во источниот дел на Сирија кои се наоѓаат под контрола на ЈПГ.

И покрај тоа што постигнатиот договор во Менбич помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео претставува голема можност за билатералните односи, воедно ќе претставува голем испит за билатералните односи по применувањето на патната карта во подрачјето на Менбич.

Тоа беше коментарот на новинарот-истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести