Последните потези на Турција во Сирија

Актуелно 22/2018

Последните потези на Турција во Сирија

Продолжува да функционира механизмот од Астана кој што беше формиран за намалување на затегнатоста во Сирија и во име на воспоставување на мирот помеѓу завојуваните страни во оваа земја. По продолжувањето на нападите од страна на сирискиот режим, Русија и Иран врз областите за намалување на затегнатоста кои што беа утврдени и формирани во склопот на процесот кој се води под гаранторство на Турција, Русија и Иран, како и заземањето на овие области, во сето тоа доби значење особено областа на градот Идлиб. Спротивно на останатите области за намалување на затегнатоста, областа на градот Идлиб директно граничи со Турција и тоа претставува значаен фактор кој што ја зајакнува раката на Турција. Освен тоа тоа што сириските режимски сили ги евакуираат сириските опозиционери од областите кои ги држат под блокада во областите на градот Идлиб и операцијата Еуфратски штит, е едниот од факторите со кои Идлиб е доведен во положба на тврдина на сириската воена опозиција. Во склопот на процесот од Астана областа за намалување на затегнатоста во Идлиб се разликува во споредба со другите области. Во голема мера можеа да се прекинат судирите во областа за намалување на затегнатоста во Идлиб каде што Турција постави 12, Русија 10 и Иран 7 набљудувачки пунктови. Особено набљудувачките пунктови кои што ги постави Турција одигруваат задача на ѕид кој што го спречува военото напредување на сириските режимски сили против опозиционерите.

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на новинарот - истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...   

Набљудувачките пунктови поставени од страна на Турција во областа на Идлиб воедно со себе носат и големи тешкотии во оперативна смисла. Додека тоа што Турција може директно да пристигне во оваа област од својата граница претставува голема предност, можноста за евентуални напади од страна на радикалните елементи и поддржувачите на режимот во областа на Идлиб ја отежнува задачата што ја презеде Турција за воспоставување на мирот. Впрочем за време на една воена испорака експлодира паркирано возило-бомба и беше предизвикана штета во турскиот воен конвој. Повремено од страна на сириските режимски сили и  странските Шиитски милициски сили лојални на Иран  беше отворен и провоцирачки оган врз турските војници. Тоа што Турција ги стационира своите војници на линијата на фронтот, а со цел стопирање на судирите во Сирија, претставува најдобар показател за нејзината волја за стопирање на војната во регионот.

Турција од една страна со процесот од Астана води иницијативи за стопирање на војната помеѓу Асадовиот режим и сириската опозиција и да стави крај на гинењето на луѓето со што го отвора патот на преговорите и процесот на премин помеѓу страните, а од друга продолжува да води борба против терористичките организации кои го искористуваат хаосот во Сирија. Турција со реализација на операцијата Еуфратски штит ја исчисти терористичката организација ДЕАШ од својата граница, а потоа го исчисти подрачјето на Африн од терористичката организација ПКК/ЈПГ. За време на овие две прекугранични операции Турција делуваше заеднички со локалните сириски единици и тоа укажува и на просторот на влијание на Турција во регионот и на тоа дека таа овде не делува со колонијална логика. Турција додека води борба против тероризмот од една страна фрла чекори за воспоставување на мирот и спокојството во Сирија како нејзин сосед, а од друга ја воспоставува сопствената национална безбедност. Впрочем по операцијата Еуфратски штит се намалија и терористичките напади и обидите за напади на терористичката организација ДЕАШ внатре во границите на Турција. На ист начин операцијата Маслиново гранче ги доведе до крај нападите и обидите за напади на терористичката организација ПКК во подрачјата на Хатај и планините Аманос.

Од друга страна борбата на Турција против тероризмот продолжува и во другите подрачја. Освен операцијата која што продолжува во границите  на Ирак се фрлаат значајни чекори и против присуството на терористичката организација ПКК/ЈПГ на северот на Сирија. Тоа што САД инсистираат во сојузништвото со ЈПГ спречува да се стави крај на тероризмот во регионот, а истовремено и се заканува на националната безбедност на Турција. Долго време како продолжуваат преговорите помеѓу Турција и САД во врска со терористичката организација ЈПГ и особено иднината на подрачјето на Менбич. Тоа што САД го зазедоа подрачјето на Менбич и не го одржуваат своето ветување кон Турција за повлекување на ЈПГ од подрачјето и воедно застануваат во одбрана на ЈПГ, доведе до затегнување на односите помеѓу двете сојузнички земји во НАТО. Поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон ја посети Турција каде што водеше преговори со својот турски колега, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и притоа беше постигнат принципиелен договор по прашањето на Менбич, помеѓу двете земји. Потоа откако американскиот претседател Доналд Трамп го разреши од должност Тилерсон, а на негово место го назначи Мајк Помпео предизвика процесот да запре за привремено. Во правец на изјавата која што министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја даде во изминативе денови помеѓу двете земји е постигнат нацрт договор за проблемот со Менбич и деталите се планира да се разјаснат во наредниот период. По изјавата на Чавушоглу согласно информациите добиени од локални извори припадниците на терористичката организација ЈПГ ги започнале подготовките за напуштање на областа. Впрочем, во рамките на постигнатиот договор помеѓу Турција и САД, терористичката организација ЈПГ ќе го напушти Менбич и ќе премине источно од реката Еуфрат, Турција и САД заедно ќе ја воспоставуваат безбедноста во областа и двете земји заедно ќе ги определат локалните власти и полициските сили на Менбич. И покрај тоа што помеѓу Турција и САД е постигнат одреден развој во проблемот со Менбич присуството на терористичката организација ЈПГ источно од реката Еуфрат покажува дека нема да престанат и проблемите помеѓу двете земји во врска со Сирија. Меѓутоа заедничкото делување на Турција и САД во Менбич ќе ја зголеми комуникацијата, координацијата и безбедноста помеѓу двете сојузнички земји на НАТО. Двете земји кои можат да се договорат во врска со Менбич можат да постигнат договор и за другите области на Сирија. 

Тоа беше коментарот на новинарот-истражувач Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...            



Слични вести