Стратешка Анализа 21/2018

Атина го отфрли предлогот за новото име Република Илинденска Македонија на македонскиот премиер Заев, како иредентистичка провокација на Скопје.

Стратешка Анализа 21/2018

   Спорот околу името на Македонија, или како овде во Македонија што се вели проблемот на Грција што го има со нашето име, после цели 25 години  се најде пред разврска. И таман двајцата премиери на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас си пружија рака се случи вистински дебакл. Додека македонскиот премиер во стил на голем победник бликаше од радост и го собра политичкиот врв на земјата се со цел да ѓи информира за кое име се договорил со својот грчки колега, односно да открие дека како Премиер на Република Македонија на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас муго предложил името „Рпублика Илинденска Македонија„. И не помина ниту цел час од средбата на политичкиот врв на Маекдонија кога од Атина стигна информацијата дека Атина го отфрла предлогот за новото име на Заев, како иредентистичка провокација на Скопје.

 Во име на вистината треба да се потенцира и тоа дека  за цело ова време додека траеја преговорите меѓу Скопје и Атина, имаше и такви кои песимистички гледаа на се она што се случува околу преговорите за името. Впрочем и не беше толку тешко да се протежираат вакви анализи од проста причина што беше познато дека Грција веќе 25 години ја провоцира регионалната стабилност и за жал и со подршка на лицемерната и дволична политика на Западот кои го толерираа ваквиот однос на нашиот јужен сосед или „Палавото дете на Европа„. За сиве овие години па дури и сега Грција продолжува да флертува ту со Западот, ту со Истокот. Но се разбира дека и тоа составен дел на политиката. Како онаа познатата „Дај лев жмигавец, но оди десно„. Мора да се признае дека малку придонес имаа и самите македонски политичари, без исклучок. Но веројатно за ваквото однесување на официјална Атина нај голем удел има  11 годишното апсолутистичко владење на ВМРО-ДПМНЕ со нејзиниот лидер Никола Груевски, кој е автор на проектот „Скопје 2014„ кога на еден инфантилен начин припадниците на на Македонската нација ги прогласи за наследници на Антиката, својствено на тоа низ целата држава беа подигнати невиден број споменици од Антиката. Што беше причина и Грција да го заостри својот однос кон нас и се порешително да ги блокира напорите на Република Македонија за интеграција во Евроатлантските структури. 

    Што би рекле добрите познавачи „ништо ново„. Но очигледно е дека овој дебакл ја начна харизмата на вечниот оптимист Зоран Заев. Можеби и самиот не е свесен дека со отфрлување на предлогот „Република Илинденска Македонија„ македонскиот  Премиер доби „една жешка шлаканица„ што ќе допринесе да се отрезни  од преголемиот интерес што му го посветуваа голем број државници од Европа додека траеше процесот на преговоите за името. Меѓутоа и стои и тоа дека ваквиот апсурден став на Грција не само што ѓи налути сите нас внатре во Македонија, туку и некои европски центи.А да не зборуваме за уште еден многу значаен факт декаво ваквата политика на Грција има влијание и на нејзиниот источен ментор Русија, која делува во асистенција на православната црква на Грција. За разлика од Грција, Русија во Македонија и нема баш некаква потпора, со исклучок на главната опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, која и покрај тоа  „се колне„ во НАТО  и ЕУ, СО  со ескпонентот наречен Претседател на Република Македонија, како и некои минорни партии кои се диригирани директно од Москва. Но радува фактот дека прогресивните сили и таму и овде во Македонија се во жесток судир со силите на регресот, а силите на регресот од завчера слават, спортски изразено извлекоа значаен бод во гости.

    Иако македонскиот премиер Заев и покрај се не се откажува од намерата да го убеди нашиот јужен сосед дека „Република Илинденска Македонија“ сепак е најдоброто решение кое што им одговара и на Грците. Очигледно верување во ова е очигледно губење време. Но исто така очигледно е дека  овој предлог внатре во државата  не држи. Не само поради тоа што Грција експресно го отфрли според нив ова иредентистичко име, туку ова ново предложено име не кореспондира со реалитетот дека Македонија е земја во која засега добро се балансираат интер етничките односи внатре во земјата и мултирелигиозниот карактер на земјата. Прво овој предлог на Премиерот Заев силно ѓи погоди припадниците на турската заедница во Македонија. Од проста причина како год и да се прикаже Илинден, непобитно е дека тоа е преставува повик  на вооружено востание против дедовците и прадедовците на припадниците на турската заедница во Република Македонија. Еден друг момент името „Илинден„ е синоним на еден православен верски празник кој нешто може да значи само на припадниците на правлсавната религија во Македонија. Но тука се и Албанците. Точно е тоа дека експонираните албански политичари благонаклоно гледаат на овој предлог велејки дека „ Албанците и Македонците заедно се бореа за Крушевската Република против заедничкиот непријател Османлиите„. Но се заборава тоа дека за време на Крушевското востание (Илинден) ниту еден Албанец Муслиман се нема придружено на македонските комити. Па од тука крилото на Партијата „БЕСА„ на Билал Касами (или турското крило како што овде некои македонци го викаат ова крило) и Партијата на Зијадин Села „Сојузот На Албанците„ не застанаа зад овој преддлог на македонскиот премиер.

     Но како и да е овој предлог е решително одбијен од страна на Атина, има и такви очекувања дека ќе се пробудат западни сојузници на Македонија со некакви порешителни интервенции во споров, од „дремката“ во која постојано тврдат дека  „ги охрабруваат и Скопје и Атина…“, за да ја искористат преостанатата позитивна енергија од историското приближување на грчко-македонските ставови во спорот? Се разбира во сета ова рашомонијада мора да има и некаков излез. Инаку зошто посредникот во овие преговори Нимиц би поминал цели 6 часа на неодамна одржаната средба на македонскиот Министер за Надворешни Работи Александар Димитров и неговиот колега Никос Коцијас последната нивна средба во Грција. Аналитичарите трвдат дека токму на оваа средба е исцртана рамката во која ќе се движат работите под строга доверливост, странска помош и пријателски насоки. Исто така веќе одржаните поединечни средби на ѓерманската Канцеларка Меркел со Заев и Ципрас во Софија се дел од таа исцртана „Рамка„ на меѓународна дипломатска помош, како и многу важните разговори на македонскиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон како и ненадејната посета на Премиерката на Англија Тереза Меј на Скопје. Сето ова покажува дека сепак меѓународната заедница пружа многу внимателна на помош на овие преговори. 

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија )



Слични вести