Актуелно 18-2018

Борба за регионална и глобална моќ во Сирија

Актуелно 18-2018

Борбата за регионална и глобална моќ во Сирија премине пред граѓанската војна во оваа земја. Тоа што режимот на Асад во 2011 година ги отфрли барањата на народот и наместо да воведе демократија ја вовлече земјата во војна, стана причина териториите на Сирија да  еволуира кон поле на борба за моќ за голем број регионални и глобални актери. Сирија која се преобрази во бојно поле додека од една страна се соочува со внатрешни судири и проблем со тероризмот, од друга страна во регионот продолжува да се води прокси војна помеѓу различни земји. Освен глобалните актери како што се Русија, САД, Велика Британија и Франција во Сирија се дојдени во ефикасна состојба и земји регионални актери како Турција, Иран, Саудиска Арабија, Катар и Израел.

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.

Глобалните и регионалните актери за да достигнат до своите амбиции –цели во Сирија користат голем број прокси елементи. Русија заедно со Иран на режимот на Асад му обезбедува воздушна, копнена, дипломатска и материјална поддршка. Како додаток на руските воздушни и копнени сили во Сирија се наоѓаат на задача и голем број руски платени војници. Иран пак заедно со тоа што обезбедува материјална и воена поддршка истовремено обезбедува и човечки ресурси за Асадовиот режим. Спротивно на Русија, Иран на териториите на Сирија располага со голем број прокси милициски елементи и тоа и сириски и странски. Располага со голем број различни странски прокси елементи како поготово либански Хезболах, авганистанската бригада Фатимијјун, ирачкото движење Нуџеба и пакистанската бригада Зејнебијјун. Освен тоа како додаток на странските прокси елементи на Иран во Сирија има и голем број сириски прокси елементи под името Сили за народна заштита. Меѓутоа не само прокси елементите на Иран во Сирија, значајни задачи во оваа земја истовремено преземаат и лично единиците на Иранската револуционерна гарда. Русија и Иран располагаат со свои воени бази и аеродроми кои што ги користат во различни места во Сирија.

Еден друг фронт во Сирија формираат САД, Франција и Велика Британија. Фронтот формиран од Западниот блок под изговор дека води борба против терористичката организација ДЕАШ инвестира во терористичката организација ЈПГ. Овој блок со Сириските демократски сили формирани инаку под водство на терористичката организација ЈПГ ја воспоставуваат контролата која што се протега од Менбич во северозападниот дел на Сирија до Ебу Кемал во југоисточниот дел. Во оваа област САД и Франција располагаат со близу 25 воени бази. Меѓу овие бази Западниот блок контролира и две писти. Освен тоа Велика Британија и САД располагаат со вкупно две бази во областа Тенеф на југот на Сирија. Во оваа област пак делуваат со структурата по име Магавир ел Савра. И покрај тоа што Саудиска Арабија во долг период со променлив интензитет ја поддржуваше сириската опозиција во последно време почна да ги поддржува Сириските демократски сили предводени од ЈПГ. Освен тоа се зборува дека арапските земји под водство на Саудиска Арабија ќе испратат војска во областите кои што се под контрола на Сириските демократски сили.

Еден друг фронт формира Турција. Со цел контрола на областа без судири во подрачјето на градот Идлиб Турција овде формира 9 набљудувачки пунктови. Се очекува да бидат формирани вкупно 12 набљудувачки пунктови. Освен тоа Турција го продолжува своето воено присуство во областите кои со операцијата Еуфратски штит и операцијата Маслиново гранче беа исчистени од терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ. Воедно во подрачјата на Африн, Азез, Ел Баб и Џераблус кои што се дојдени во положба на безбедни зони за сирискиот народ јавниот ред и мир се обезбедуваат од страна на Сириската полициска служба обучена од страна на турските специјални сили. Сириската полициска служба делува во склопот на привремената сириска влада која е формирана од страна на опозицијата и која е меѓународно призната. Исто така и Националната армија која е формирана во воена смисла делува во склопот на привремената сириска влада. Катар пак пред „Катарската криза“ одблизу ја поддржуваше сириската опозиција, меѓутоа по блокадата на која што беше подложена се намали сферата на влијание на оваа земја во Сирија.

Одделен актер е Израел кој во војните од 67-ма спротивно на меѓународното право ги окупира Голанските висорамнини кои инаку се територии на Сирија. По војната која што започна во 2011 година Израел уште повеќе ја зацврсти својата власт т.ј. окупација на Голанските висорамнини. Изрел кој вели дека е вознемирен од зголемувањето на бројот на прокси елементите на Иран во Сирија и од тоа што Хезболах зајакнува на териториите на Сирија повремено реализира воздушни напади врз цели на Иран и Хезболах во Сирија.

Откако Асадовиот режим во 2011 година не ги прифати барањата на народот и ја вовлече земјата во војна потоа Сирија се преобрази во сфера на борба за глобална и регионална моќ. Сирија која го изгуби својот национален суверенитет би можеле да кажеме дека речиси е поделена на неколку различни сфери на влијание. Меѓутоа војната која што се одвива на териториите на Сирија не е правилно да ја сведеме на борба за глобална и регионална моќ. Треба да се каже дека на териториите на Сирија сеуште продолжува да се води граѓанска војна.

Тоа беше коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести