Актуелно 16-2018

Што значи тоа што САД го поставуваат на мета режимот во Сирија?

Актуелно 16-2018

По употребата на хемиско оружје од страна на режимот во Сирија врз опозиционерите во Источна Гута одеднаш вниманието на меѓународната јавност се сврти кон овој регион и се постави на дневен ред прашањето за воена интервенција под водство на САД против сирискиот режим. Ноќта на 14 април во сабота се реализира и оваа очекувана интервенција.

Воената интервенција на САД, Велика Британија и Франција вон тоа што беше обемна операција беше реализирана во вид на така да се каже „казнување“ на режимот во Сирија. Кога ќе се погледне кон дискусиите кои што се водат внатре во САД ќе се согледа дека кај американскиот претседател Доналд Трамп постоеше желба за реализација на една обемна операција, додека познато е дека американскиот секретар за одбрана Џим Матис и Пентагон претпочитаа да се реализира операција од помал обем, а со цел да не би дошло до евентуална ескалација со Русија. Како што може да се види операцијата беше реализирана онака како што сакаа Матис и Пентагон.

Во врска со ова прашање ви го пренесуваме коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

Всушност, САД, Велика Британија и Франција со формирање на коалиција, преку Русија ги поставуваат на мета, односно целат кон просторот на влијание на Русија и Шиитските милициски сили кои делуваат заедно со Иран. На крај САД немаат намера да го соборат режимот во Сирија. Впрочем, тоа отворено го покажува и тоа што и покрај тоа што САД се стекнаа со една голема прилика не беше реализирана една операција од широк обем. Во времето на американскиот претседател Барак Обама во Сирија и општо на Блискиот исток беше отворен еден широк простор на влијание пред Русија и Иран, додека сега станува збор за чекор по чекор стеснување на овој простор на делување на Русија и ограничување на влијанието на Иран во Сирија.

Ограничувањето на влијанието на Иран во овој регион од аспект на Израел и Заливските земји е значајно. Впрочем е дојдена до неприфатливи димензии експанзионистичката политика на Иран во регионот од аспект на Израел, Заливските земји и Турција. Како што се наведува присуството на Иранската револуционерна гарда, Хезболах и милициските сили лојални на Иран во Сирија изнесува над 60 илјади. САД во последниот напад погоди некои значајни воздушни бази, меѓутоа во основа се согледува дека воената операција беше ограничена. Пред воената операција предводена од САД, Израел повремено ги гаѓаше базите во Сирија кои што се користат од страна на Иран на чело со аеродромот Т4.

Наспроти воената интервенција предводена од САД, одговорот што ќе го дадат Русија и Иран ќе биде поуочлив во наредните денови. Всушност, силите на Асадовиот режим, проиранските милициски сили и руските платени војници во претходните месеци започнаа иницијатива за напредување кон нафтените полиња во подрачјето на Дејр ез Зор кои што се под контрола на ЈПГ. Меѓународната коалиција предводена од САД даде остар одговор на оваа иницијатива и со воздушни напади и топовски истрели ги елиминираше овие сили кои се обидуваа да напредуваат. Меѓутоа по последната воена операција под водство на САД, како одговор на ова Русија и Иран би можеле да започнат обемна воена операција кон линијата Дејр ез Зор. Во тој случај би можело да дојде до значајна борба за нафтените полиња во ова подрачје кое е под контрола на ЈПГ и каде што речиси целокупното население се состои од Арапи.

Меѓутоа без оглед на тоа какви ќе бидат реакциите на Русија и Иран последниот извршен напад со хемиско оружје од страна на Асадовиот режим располага со значајно влијание од аспект на меѓународната заедница. Уште еднаш почна да се преиспитува легитимноста на режимот кој што употребува хемиско оружје врз сопствениот народ. Значајно е тоа што е казнето военото злосторство кое што го врши режимот. Додека тоа што се казнува сирискиот режим за воените злосторства кои ги врши се дочекува со задоволство од страна на Турција, тензијата од голем обем помеѓу Русија и САД беше непосакувано сценарио за Турција. Тоа што Турција одигрува посредничка улога помеѓу Русија и САД е едната од најуочливите показатели за стратешката позиција на која што е дојдена Турција во равенката по прашањето на Сирија. Со посредувањето на Турција повторно се отворени дипломатските и воени канали помеѓу САД и Русија така да во период кога САД ги гаѓаше елементите на прокси елементот на Русија оваа земја не интервенираше директно на овој напад. Кога ќе се земат во предвид технолошкиот развој и последната состојба во одбранбената индустрија не се гледа за можно меѓународните сили да се постават меѓусебно на директна мета во воена смисла. Како додаток на економските и сајбер војни се води војна преку прокси елементите. Сега по реализираниот напад од страна на САД против прокси елементот на Русија буди интересирање дали Русија ќе ја погоди ЈПГ која пак инаку е прокси елемент на САД во Сирија.  

Тоа беше коментарот на истражувачот и публицистот Џан Аџун, од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА, посветен на последната состојба во и околу Сирија.



Слични вести