ПЈД и ЈПГ ги прекршуваат човековите права

Терористичката организација ПЈД/ЈПГ со цел да биде единствена сила во регионот врши секакви дела кои што можат да се сметаат како злосторство врз човештвото па дури и етничко чистење над тамошните жители како што се Курдите, Арапите,Туркмените и Језиутите

ПЈД и ЈПГ ги прекршуваат човековите права

      Уште од основањето па се до денес ПКК/КЏК врши разни  мерки на присила и на притисоци врз граѓаните во Источна и Југоисточна Анадолија, и тоа како што се упади во селата, убиства, присилно иселување, грабнување ,заплашување и др. Терористичките организации ЈПГ и ПЈД инаку воени крила на ПКК во Сирија ја применуваат оваа иста стратегија и врз граѓаните во Сирија.

     Терористичката организација ПЈД/ЈПГ со цел да биде единствена сила во регионот врши секакви дела кои што можат да се сметаат како злосторство врз човештвото па дури и етничко чистење над тамошните жители како што се Курдите, Арапите,Туркмените и Језиутите. Сиве овие прекршувања се согледани и евидентирани од страна на меѓународните организации и за нив се подготвени и извештаи. Поради насилствата на терористичките организации ЈПГ/ПЈД голем број лица биле принудени да се иселат и да ги напуштат своите огништа. Поголемиот дел од нив се засолнаа во Tурција како земја која им ги отвори своите врати на бегалците и која ги прими со својата прегратка. За жал очигледно дека одредени меѓународни сили под изговор дека оваа терористичка организација се бори против една друга терористичка организација ДЕАШ, и покрај сите злодела кои таа ги извршува како да ги затвораат очите воедно и и пружаат надворешна поддршка. Поголемиот дел од оружјето и муницијата добиени заради наводна борба против ДЕАШ се користат за покорување на Курдите, Арапите,Туркмените и другите народи пред оваа терористичка организација.

      Само за илустрација да кажеме дека во извештајот од јануари 2016 година подготвен од страна на Организацијата за човекови права на Сирија (СНХР) се наведува дека во подрачјата под контрола на терористичката организација ПЈД/ЈПГ биле евидентирани низа мерки на насилство ,потоа случаи на етничко чистење, апсења ,заплашувања, насилна мобилизација, принудно иселување и друго.

     Се истакнува дека се до денот на објавувањето на извештајот 407 цивили биле убиени од страна на ПЈД/ЈПГ, 51 малолетник, 43 жени и 16 мажи биле до смрт измачувани.

     Во извештајот на Меѓународната организација на следење на почитувањето на човековите права (ХРВ) објавен во јуни 2014 година под наслов “Under Kurdish Rule: Abuses in PYD-Run Enclaves of Syria” се подвлекува дека терористичката организација ПЈД/ЈПГ  често пати применува методи на насилства над лицата кои ги смета за свои конкуренти, дека врши киднапирања па дури и дека стрела неистомисленици. Тоа почесто се применува над членовите на Курдската Демократска Партија на Сирија ( ПДКС), и на членовите на Јекити и на Азади кои се конкуренти на ПЈД.

    Еве неколку примери за прекршување на човековите права од страна на ПЈД/ЈПГ кои можат да се оценуваат како етничко чистење:

УБИВАЊЕ НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ

Терористичката организација ПЈД/ЈПГ која не дозволува формирање на алтернативни структури во Сирија честопати извршува атентати над неистомислениците.

Убиствата на неистомисленици се започнати со атентатот над Мишел Темо лидер на Партијата на иднината која ја сочинуваат Курди кои што се во опозиција во Сирија, и тоа во октомври 2011 година. Атентатот врз Темо предизвика жестоки реакции на Курдите во поширокото подрачје.

После ова убиство ПЈД продолжи со атентати и убиства на лидери и припадници на опозицијата. Абдулах Бедро старешина на клан и Шерзад Хаџ Решид лицето одговорно за Алепо на Демократската Партија за Унија на Курдите во Сирија беа исто така убиени од ПКК во атенати.

Освен тоа Салах Бедредин претседател на Демократската Партија Курдистан на Сирија беше приморан да избега во Германија преку Ербил под притисок на терористичката организација.

Пред војната во Сирија имаше 12 курдски фракции а сега ја има само ПКК/ПЈД. Стотици илјади Курди под притисок на ПКК/ПЈД беа приморани да ги напуштат териториите под контрола на оваа терористичка организација. Само Во Турција се засолнаа 350 000 Курди од Сирија.Тие и ден денес живеат во Турција.

Терористите на ПКК/ЈПГ отворија оган на еден митинг на 27 јуни 2013 година во Амуде, и убија 8 демонстранти за само 3 дена. 50 претставници на Јекити Партијата под присила беа однесени во зградата на ЈПГ и со часови малтретирани и тепани.

МАЛТРЕТИРАЊА  НА УАПСЕНИ ЛИЦА И ЛИЦА ВО ПРИТВОР

Прекршувања на човековите права реализирани од страна на Асајиш, полиција на терористичката организација се исто така наведени во извештаите на организациите на следење на човековите права. Приведените или уапсените лица биле често и долготрајно малтретирани или биле подложени на лош третман од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Некои од нив дури не издржале и починале после страшните тортури. Според извештаите на Меѓународната организација за следење на почитувањето на човековите права лицето Ханах Хамдош приведено во Африн после извесно време починало во притвор, но ПКК/ПЈД извести тека се самоубил удирајќи си ја главата во ѕид.

Еден друг случај бил доживеан во февруари 2014 година во Сере Каније кога 24 годишниот Рашван Аташ бил убиен од страна на припадници на Асајиш.

  Според извештајот во периодот 2012/2014 година во подрачјето се случиле 9 убиства кои не биле откриени како еден случај на исчезнување на едно лице. Внимание привлекувало тоа што сите овие лица биле познати како лица кои што биле против терористичката организација ПКК/ПЈД.

НАСИЛСТВО НАД ЖЕНИ И ДЕЦА

Терористичката организација ПКК/ЈПГ со цел задржување на власта во освоените територии во Сирија често пати извршува насилство врз жени деца а со цел кршење на отпорот на сите оние кои што и се спротивставуваат.

Овие наоди се документирано наведени и во јануарскиот извештај од 2016 година на Организацијата за следење на почитувањето на човековите права на Сирија. Во извештајот се вели дека во перидот 2011-2016 година терористи на ПКК/ЈПГ убиле 42 жени. Една од нив Набија ел Салах од селото Сај Гхоул кое гравитира кон Алепо била убиена со 3 куршуми на 14 август 2015 година на патот Рака/Тел Абјад.

Еден друг податок кој што привлекува внимание во истиот извештај се однесува на убиството на 58 годишната Тарфа Халил ел Хасуд. После убиството на нејзиниот маж таа се сокрила во шталата но терористите ја пронашле и ја убиле. Исто така како што понатаму пишува во истиот извештај терористите на ПКК/ПЈД во периодот јануари/октомври 2015 година присилно регрутирале 88 жени од Хасеке, Камишли и од Африн и ги вклучиле во нивните редови.

ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ И ПРИСИЛНО ИСЕЛУВАЊЕ

Во подрачја каде што е забележливо влијанието на терористичката организација ПКК/ПЈД живеат енклави на Арапи, Курди ,Туркмени и Ерменци и на останати етнички групи.Терористичката организација која настојува да владее на окупираните територии под присила ги тера тамошните жители на иселување,а дел од населените места ги пали и ги уништува за да се промени демографската структура на тоа подрачје.

Според Организацијата за почитување на човековите права на Сирија во Хасеке над 100 туркменски семејства биле подложени на разни малтретирања и тортури на терористите. Освен тоа Туркмените биле принудени да се иселат од нивните вековни огништа, така да дел од нив поради лошите животни услови се доселија во Турција.

Според извештајот на Организацијата за почитување на човековите права на Сирија подготвен во 2016 година терористи на ПЈД упаѓале во села, пљачкале, вршеле етничко чистење во селата каде не живееле Курди, и ги принудувале жителите на иселување. Десетици илјади лица од кои повеќето Арапи биле принудени на иселување од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а десетици нивни села биле сравнети со земја.Сите овие активности согласно член 8 од Римската конвенција претставуваат воено злосторство, злосторство против човештвото и кршење на основните права на населението.

Како што се наведува во извештајот на Организацијата за почитување на човековите права на Сирија 9 населени места биле целосно уништени, а населението принудено на иселување,а некои и прогонети. Освен тоа терористичката организација ПКК/ЈПГ во освоените села со цел етничко чистење по пат на закани и насилство ги прогонува жителите кои не се Курди. Извештајот кажува дека на тој начин биле истерани десетици илјада жители од 49 села и населени места во подрачјето.

 Терористичката организација ПКК/ПЈД на 26 мај 2015 година им дава рок од 24 часа за напуштање на домовите на селаните во над 26 села во околината на Хасеке . Како што сведочел еден жител на овие села терористи на ПКК/ЈПГ ги напаѓале Арапите и Туркмените во овие села и им велеле дека во  наводен Курдистан нема да има место за Арапи и за Туркмени. Еден друг пример кој што исто така е наведен во извештајот кажува како во февруари 2015 година стотина туркменски семејства во Хасеке биле принудени на иселување поради произволно апсење на членовите на семејствата од страна на ПКК/ЈПГ.

Овие семејства нешто потоа се доселиле во Турција. Во извештајот (We Had Nowhere Else to Go) на Амнести Интернешнл од октомври 2015 година се истакнува дека, според изјави на очевидци и впечатоци на експерти како и сателитски снимки  очигледни се злоделата на терористичката организација ПКК/ЈПГ како што се етничко чистење, прогонства и уништувања.

Во истиот извештај се наведени сведочењата на жителите на арапското село Хусеиније кај Тел Хамис, според кои селото од 225 куќи во период од јуни 2014 до јуни 2015 година било скоро 91 посто сравнето со земја, и дека останале само 14 куќи.

Лема Факир експерт на Меѓународната организација за човекови права вели : ПКК/ПЈД уривајќи ги куќите на цивилите и нивните села  ги приморува жителите на иселување, немајќи апсолутно било какво почитување кон меѓународните човекови права.



Слични вести