Стратешка анализа 03/2018

Усул... усул... господине Орданоски

Стратешка анализа 03/2018

Деновиве во еден интернет портал беше објавен коментарот под наслов: “Jаваш, бејефенди Ердоган!“ на угледниот македонски новинар-колумнист и аналитичар Сашо Орданоски кое побуди  многу реакции во македонската јавност а особено меѓу турското и муслиманско население во Република Македонија. Овој врвен аналитичар и колумнист во својот текст, всушност се осврнува на изјавата на Потпретседателот на турската влада Мехи Екер дадена нешто пред самата нова година, во врска со одлуката на АК Партијата на Претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека во повеќе земји меѓу нив и во Македонија, оваа партија ќе отвара свои преставништва. Орданоски ѓи  цитира зборовите на потпретседателот Екер, дека овие преставништва на АКП во некои земји ќе делуваат како контакт центри за потребите на турските државјани во тие земји, некаде ќе делуваат како здруженија а некаде како преставништво на политичката партија на чие чело се наоѓа Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган.

    Јас не знам на какви „службени контакт пунктовиза турските државјани мисли господинот Екер – бидејќи за тоа постојат амбасадите и конзулатите, акредитирани од една во друга земја – но, мене многу повеќе ми личи дека тие партиски канцеларии на Ердоган ќе бидат наменети за една единствена цел: за директна индоктринација на локалното население во Македонија со идеологијата на политичкиот ислам што ја шири неговата АКП, како теократска, авторитарна визија за владеење со едно општество, вели понатаму Орданоски во својот коментар.

    Почитуван колега: Политичката идеологија на АКП партијата и лично на Петседателот на оваа партија Ердоган, несомнено дека може да се критикува. Но таа критика не треба да биде деструктивна и неѓирање на све и негативното и позитивното на една кауза. Велите дека единствена цел на тие партиски канцеларри на Ердоган ќе имале единствена џел : за директна индоктринација на локалното население во Македонија со идеологијата на политичкиот ислам што ја шири неговата АКП партија. Па од тука се поставува прашањето на кое месно население мислите? Мислите ли на населението со исламска вероисповест во Македонија ? Оваа ваша теза не држи. Знаете ли зошто ? Па тие веќе се муслимани. А за некаков политички Ислам во Македонија неможе да стане збор од проста причина, што Ердоган и неговата АКП Партија се повеќе од десет години на власт во Турција. Ако таа партија и нејзиниот претседател беа некакви “извозници на индоктринација“ досега припадниците на исламската религија во Македонија ќе беа заразени од таа идоктринација. Ако пак се плашите дека ќе се индоктринираат Македонците и ќе се Исламизираат, не берите гајле. Ако за време на пет ипол вековното осмалиско владеење во Македонија, Македонците не ѓи исламизирал никој, тогаш денес тоа речиси е незамисливо и глупо би било да тврдите такво нешто.Спорден тоа оваа ваша претпоставка или очекување паѓа во вода.

    Понатаму велите : “Ова мене ми наликува како нова ескалација во безобразлукот на режимот на ефенди Ердоган – познат по својата изјава дека „демократијата е воз од кој треба да слезете кога еднаш ќе дојдете до целта“ – во неговата нео-отоманска надворешна политика кон Балканот и кон другите соседи на денешна Турција. Почитуван колега, кој безобразлук на Ердоган и неговата партија вие како угледен новинар-колумнист и аналитичар во Македонија сте виделе. Би било коректно да наведете. А тоа што вам само ви наликува, тоа е ваш проблем. А што се однесува до демократијата, секој ја толкува по свое видување, како тој ја разбира. Па дозволете и Тој така да мисли по ова прашање. Патем стварно незнам за каква нео-отоманска надворешна политика зборувате. Чесно би било на нудите два три аргументи во прилог на оваа ваша теза.Додека пак за пенетрација на оваа политика на АКП Партијата и на Ердоган кон Балканот и кон другите соседи на Турција, би рекол вие нему го берете гајлето за другите балкански земји.

Во продолжение на вашето писание понатаму велите: Продорот на турските интереси во Македонија се одвива на многу полиња, засилено во последните години, во тесна корелација со Ердогановите антизападни и антидемократски верско-политички интереси. Турската амбасада во Скопје е претворена во динамичен, дневен оперативен центар за ширење на тие влијанија низ многу полиња на македонското секојдневие, поткрепено со сериозни финансиски средства кои се делат наоколу за разно-разни проекти од областа на социјалата, културата, верата и обновата на верски објекти, образованието, економијата, медиумите...

 Можете ли да посочите една земја на планетава која не се раководи од свои интереси. Башка што навистина незнам какви интереси Република Турција и Ердоган и неговата партија може да имаат од Македоија. Што се однесува за фактот дека турската амбасада во Македонија претворена во динамичен дневен оперативен центар за ширење на тие влијание низ многу полиња, се лажете драги мој колега. Без претензии да се ставам во улога на потпарол на турската амбасада или Претседателот Ердоган, и покрај секаквата помош како  што велите вие се делат наоколу, тие се малку. Ете например денес во Македонија припадниците на турската заедница немаат честито едно гласило на својот мајчин јазик. За какви медиуми зборувата вие.

     Турскиот театар во Македонија се “гради“ веќе десет години. Се уште македонската држава чека материјална помош од Турција. Или каква економска помош добиваме ние од Турција како турска заедница. Мора да признаете дека разните проекти и акции на помош кои се организираат од ТИКА во Македонија, се користат повеќе од Македонците одколку од страна на турската заедница во оваа земја. А да не се лажеме, таму каде што отсаствува грижата на македонската држава кон припадниците на турската заедница во Македонија, зраем има нешто по природно од тоа земјата матица да притекна на помош кон своите сонародници. Не заборавајте дека турската заедница во Македонија е дел од големата турска нација. Впрочем, сте се запрашале ли Фондациите на УСАИД, СОРОС, КОНРАД АДЕНАУЕР и ред други што прават во Македонија? Одговорот на ова прашање вие многу убаво го знаете.

    Кога зборувате за барањето на турската влада во Македонија да се затвори синџирот образовни институции „Јахја Кемал“оваа држава  повеќе од 60 години не се погрижи да обезбеди пристојни услови за образование на учениците од турскаста припадност на својот мајчин јазик во Македонија. Поради недостаток од квалитетни наставнички кадар, учебници на турски јазик дел од моите сонародници беа осудени да се запишат во училиштата на Проповедникот од Пенсилнавија, чиј спонзор и ментор го знае секој просечен човек. Па од тука и барањата на припадниците на турската заедница до  својата матична земја, да се отворат училишта со квалитетни наставници, учебници на мајчин јазик, се разбира прилагодени на воспитно образовниот систем на оваа земја, А не да учат во вакви училиште и колежи во Македонија. Ние не бараме универзитети и нашиот јазик да се прогласи за службен јазик во Македонија. Ако и овие минимални барања ѓи сметате за многу и опасни, тогаш не можам ништо да ви речам, освен едно големо АФЕРИМ. Затоа не јаваш, јаваш, туку усул... усул... Преетпоставувам имате пријатели од турската заедница па ако незнаете што е значи тоа,замолете ѓи ќе ви го преведат.

Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија



Слични вести