Театар наречен ДЕАШ

Со години упорно велевме дека ДЕАШ е терористичка организација но за жал нашите колеги особено оние во западните медијуми не сакаа да поверуваат во тоа

Театар наречен ДЕАШ

Со години упорно велевме дека ДЕАШ е терористичка организација која нема своја основа во регионот. За жал нашите колеги особено оние во западните медијуми не сакаа да поверуваат во тоа. Дури имаше и такви кои отворено велеа дека не веруваат во тоа.

Дел од овие наши колеги за кои можам слободно да кажам дека се познаваме од многу порано се дури и наши пријатели. Често се вели дека пријателствата меѓу новинарите се склопуваат на критичните места, во региони на судири и воени конфликти, како што беше војната во поранешна Југославија, потоа граѓанската војна во Руанда, во другите држави на Африка и во Блискиот исток. Зборувам за мои колеги со кои во вакви услови со денови делевме една просторија и една софра, колеги со кои делевме добро и зло, и колеги кои ги носевме на рамо кога ќе беа ранети. И тоа не само ние нив, туку и тие нас.

Колегите кои ја увидоа вистината за ДЕАШ тоа никако не успееја да го пренесат во медијумите. Инаку многу познати ни беа оклопните возила кои што ги користи ДЕАШ а кои потсетуваат на „војни на оклопни возила“ па дури и на оклопните возила на НАТО сојузниците. Истото може да се каже  и за нивната тактика на војување и за раководењето. Одговорите на овие прашања кои не оптеретуваат нас новинарите.

Американскиот претседателски кандидат од редовите на републиканците Доналд Трамп во една своја Твитер порака подоцна напиша дека ДЕАШ ја основа претседателот Обама.

После оваа изјава на Трамп дел од западните новинари започнаа со поголема храброст да ги анализираат и откриваат врските на оваа терористичка организација со западот.

.............

А сега ако ни дозволите да фрлиме поглед на статистичките податоци на воените операции кои силите на коалицијата ги извршија против ДЕАШ.

Бројот на воените летови на авионите на коалицијата против ДЕАШ : 28181

Број на денови во операциите : 1185

Број на неутрализирани терористи на ДЕАШ : 5000

Број на испукани ракети и бомби против ДЕАШ : 102082

Дури и самите бројки укажуваат на играта која што се одигрува.

За бројот на американските војници кои се борат против ДЕАШ не можеме нешто конкретно да кажеме бидејќи тој број често се менува. Можеме да извлечеме одреден заклучок само од бројот на терористите на ПЈД инаку партнер на САД а кој што изнесува околу 100 000.

Изминатите денови ББС објави снимки кои зборуваат за партнерството меѓу ДЕАШ и САД. Во нормални услови оваа вест ќе предизвикаше вистинска  експлозија во западниот свет, но сега никој не реагираше. Па дури и западно европските држави кои дадоа големи жртви на тероризмот.

За разлика од нив армијата на Република Турција и зададе силен удар на терористичката организација ДЕАШ. За само 2 месеци и со само 300 војници турската армија изврши вистински удар на ДЕАШ. Ги почисти своите граници од ДЕАШ. Оваа воена операција на турските вооружени сили против ДЕАШ беше многу поефикасна од воените операции на коалиционите сили против ДЕАШ.

Односот на Америка со терористичката организација ДЕАШ ги надминува границите на нас новинарите. Турција, Русија, Британија, Иран и Сирија треба заеднички да аплицираат пред меѓународните судови, затоа што светот дозна за врската на една суверена држава со една терористичка организација.

Целиот свет минатата година поверува во лагата на терористичката организација ФЕТО која минатата година се обиде да изврши воен удар во Турција. Дури отидоа дотаму што помошта на турската држава на цивилите во Сирија и на силите на отпорот го прикажуваа како помош на ДЕАШ.

Западниот свет отиде дотаму што широко ги отвори своите врати на овие шпекуланти. Некои западно европски држави дури им дадода и дипломатски пасоши.

Жално и срамно е тоа што западниот свет не вели ништо за откритието на ББС.Се прашуваме дали е тоа толку тешко да се каже?

Автор Ердал Шимшек



Слични вести