Блискиот исток низ призмата на Турција 41/2017

Она што деновиве се случува во Ирак и во Сирија а што по се изгледа води кон нивно расцепување доведе до приближување меѓу Анкара и Техеран

Блискиот исток низ призмата на Турција 41/2017

Актуелните случувања во Ирак и во Сирија  како да ги приближува двете блискоисточни сили, Турција и Иран така да ние денеска во оваа продолжение од серијалот Блискиот исток низ призмата на Турција ќе говориме токму за приближувањето на линијата Анкара-Техеран. За темата имаме коментар на др. Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

Иран и Турција се две регионални сили со непроменети граници скоро 560 години. Моментално Турција има своја амбасада во Техеран и генерални конзулати во Табриз, Урумије и Мешхед. Додека Иран во Турција има амбасада во Анкара и генерални конзулати во Истанбул, Ерзурум и Трабзон. Турција и Иран негуваат односи базирани на добрососедство, немешање во внатрешните работи и взаемно почитување. Особено во последниот период на обостраните посети на високо ниво се води грижа и од свете страни за продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и за унапредување на дијалогот особено за регионални прашања.

Референдумот за независност спроведен пред две недели од Регоналната курдска управа на северот на Ирак,уште повеќе ги приближи Турција и Иран, така да се појавија коментари во стилот на тоа дека на пат е нов регионален сојуз,што е уште рано за да се тврди но не би било изненадување доколку тој сојуз се реализира.

Факт е дека долги години Турција и Иран си ги одмеруваа сферите на влијаниеја  во Југоисточна Азија, Кавказ, Централна Азија и на Блискиот исток. Меѓусебната конкуренција никогаш не изостана. Сепак факт е исто така дека и Турција и Иран соработуваат во Садабадскиот пакт, во Багдадскиот пакт, во РЦД, во Д-8, во ЕКО и во другите  меѓународни трговски и економски асоцијации.

Скорешната официјална посета на претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган на Техеран го привлече светското внимание кон турско-иранските односи. Пред посетата на претседателот Ердоган на Иран, началникот на генералштабот на Република Турција генерал на армија Хулуси Акар престојуваше во посета на Иран каде водеше низа значајни разговори со својот домаќин началникот на генералштаот на Иран,генерал на армија Мухамед Бакири.

Факт е дека она што деновиве се случува во Ирак и во Сирија а што по се изгледа води кон нивно расцепување  доведе до обострано приближување на Анкара и Техеран. Нелегалниот референдум за независност на регионалната курдска управа на северот на Ирак наговести уште поголемо приближување меѓу Турција и Иран што беше евидентно и за време на официјалната посета на претседателот Ердоган на Техеран минатата недела. Посетата на претседателот Ердоган послужи за потпишување на низа договори за соработка почнувајќи од туризмот па се до банкарството, царините, природниот гас, користењето на домашните валути во меѓусебната трговија и друго. Освен тоа беше постигнато решение за утврдување на контурите на идната политика  наспроти регионалната курдска управа на северот на Ирак,по нелегално спроведениот референдум за независност. Двете страни се договорија за потесна соработка во областа на  одбраната и разузнавањето.

По се изгледа дека  Анкара и Техеран се решителни во настојувањето да го убедат Барзани да се врати од грешката . Претседателот Ердоган јасно кажа дека зад одлуката на северно ирачката управа за референдум за независност стои единствено официјален Тел Авив кој го призна референдумот. Во Техеран падна договорот за казнување на регионалните власти во северот на Ирак со санкции за кои Анкара и Техеран велат дека ќе бидат ригорозни.

Терористичките организации ПКК и ПЈД кои ја имаат подршката на одредени западни сили добија одредени бенефити во одредени делови на Ирак и на Сирија.Сето ова ги натера Турција и Иран на соработка од безбедносни причини. Турција очекува од своите сојузници да бидат свесни за нејзината загриженост околу сиве овие случувања, бидејќи тие се од витално значење за опстанокот на Турција. Во спротивно може да се случи приближување меѓу Турција, Иран и Русија.

Турција и Иран се сосема свесни за опасноста која им се заканува во регионот, така да за очекување е дека нивното приближување ќе потрае пред се во одбраната и безбедноста, дури и дека е за очекување дека соработката ќе биде неминовна, за што најверојатно ќе бидеме сведоци во следниот период.



Слични вести