Анализа 29/2017

Идејата за контролна функција на јавноста брза да се претвори во малограѓанштина

Анализа 29/2017

        Кога во едно либерално капиталистичко општество една партија што по пат на избори дошла на власт ја злоупотреби и „проголта“ државата и сите нејзини институции, и својата партија и лидер му ги наметне како неограничени владетели на целото општество, тогаш тоа е малигно заболување на општеството . Ова смртоносно заболување, меѓутоа, цели дваесет години – помеѓу двете светски војни, во либерално капиталистичкиот свет се сметало за успешен општествено-политички експеримент, за решение за економските кризи што капитализмот неодминливо ги предизвикува и за најефикасно политичко оружје против  социјалистичките форми на владеење. Таа ужасна глобална заблуда го чинеше човештвото повеќе од 80 милиони жртви, поголемиот дел убиени во геноциди незапаметени во историјата, во кои исчезнаа повеќе од 40 милиони Словени, 6 милиони Евреи, милион Роми и повеќе од 20 милиони Кинези.

    Сеќавањето на минатото е неопходно за да не заборавиме дека во Македонија, партиско-мафијашката држава на ВМРО сè уште не е победена, а уште помалку искоренета!

     Но, најскапо платената лекција во историјата, човештвото ја заборави за разочарувачки кусо време: заборавена е не само терапијата и малигноста на туку и вистинскиот победник во војната против ова вечно зло! 

      Во политичката лабораторија на Балканот се покажа дека во експериментот на заживување на демократијата, веројатностите што манифестираат својства на ексклузивност и водат кон херметичко затворање на сценариото, се работа на минатото. Искомплексираното општество самото на себе си докажува колку може да биде критички настроено кога не се плаши од власта, при што за стравот од власта секогаш ја осудува само власта, себе не!

    Работите пукнаа затоа што сега веќе бившиот премиер Никола Груевски не успеа да го додржи капакот на тенџерето во кое беше ставил да ја вари Македонија. Ширината и добронамерноста на Заев се знак дека ги разбира закономерностите на историската игра. Или дека играта го одбрала зашто знаела дека нема да ѝ пружа отпор! Сеедно!

    Идејата за контролната функција на јавноста што се ослободи во борбата против злосторничкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ, брза да се претвори во поза, во малограѓанштина, во бесмислено дрдорење, дури во функција на злото, во сеирење, во нешто што е чиста спротивност на првобитната идеја, општеството да се занимава со безброј појавности, оставајќи ги суштинските процеси да летаат под радарот на луѓето. Искомплексираното општество самото на себе си докажува колку може да биде критички настроено кога не се плаши од власта, при што, за стравот од власта, секогаш ја осудува само власта, себе не! Тоа што во демократскиот свет со традиција е дел од општествениот и политички спектакл, кај нас се аплицира како обична кафеанска врева во која не се знае кој пие кој плаќа. Во слобода која тоа не е!

      Големата доверба во политиките на новата власт, како и повисоките рејтинзи на новиот премиер Зоран Заев и на СДСМ, во однос на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека општеството знае да има позитивен став кон некои важни прашања, но големо прашање е колку тој резултат доаѓа како инерција на ослободителните процеси, а колку е став кон случувањата сега. Радикализирањето на важни теми, каква што е онаа за употребата на  јазиците и мигрантите, покажува дека ориентацијата на општеството не е толку темелна колку што е спектакуларна, дека помалку е резултат на длабинските промени и на културното самоосвестување на заблудените и хистеризирани луѓе, а повеќе на дневниот опортунитет.

Претстојните избори не се ниту уште едни обични избори за локалната самоуправа, туку се историска прилика за уште една доза хемотерапија на оболеното македонско општество.

Сеќавањето на минатото е неопходно за да не заборавиме дека партиско-мафијашката држава на ВМРО сè уште не е победена, а уште помалку искоренета!

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)



Слични вести