Блискиот Исток низ призмата на Турција 31-2017

На прагот на референдумот во Северен Ирак

Блискиот Исток низ призмата на Турција 31-2017

Регионалната управа на северот на Ирак одреден период најавува дека референдумот за независност ќе го одржи на 25 септември 2017. Во текот не денешната емисија ќе говориме за референдумот кој се планира да се одржи на северот на Ирак вели авторот Џемил Догач Ипек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Претседателот на Регионалната управа на северот на Ирак Месут Барзани во јуни официјално прогласи дека на 25 септември 2017 ќе одржат референдум. Регионалната управа на северот на Ирак сеуште не ја доби потребната внатрешна и надворешна поддршка за одржување на референдумот. Освен Курдската демократска партија останатите други големи партии сеуште не објавија некое соопштение дека ќе изразат поддршка на референдумот. Туркменците и Арапите кои живеат во регионот немаат срдечен пристап кон референдумот.

Барањето на семејството Барзани за независност не е ново. Барањето на Курдите за одржување референдум за независност на 25 септември не е некоја нова политика бидејќи нивното барање за независност датира уште од пред 100 години. Курдите немаа срдечен пристап кон формирањето на Ирак во 1921 година кој произлезе од протекторатот на Велика Британија. Во 1932 година Курдите под лидерство на Молла Ахмет Барзани започнаа  бунт за независност, но не успеаја. По окупацијата на Ирак од страна на САД, ова прашање постојано беше на дневниот ред на Курдите.

Регионалната управа на северот на Ирак во последните две години не може да ги исплати платите на вработените. Економијата на земјата е на ниво на застој. Меѓудругото со појавата на терористичката организација ДЕАШ над еден милион Ирачани беа принудени да се иселат во подрачјето под контрола на Регионалната управа на северот на Ирак. Покрај сите овие неповолности, се случија и некои поволни случувања кои ја зголемија надежта кај раководителите на Регионалната управа  на северот на Ирак. Меѓународната коалиција која се формира против ДЕАШ, две години како ги обучуваат Пешмергите. Денес Регионалната управа  на северот на Ирак во споредба со пред две години има попрофесионална, поорганизирана и повооружена вооружена сила. Згора на тоа, Пешмергите се позицираа на местата од каде што беа избркани силите на ДЕАШ и не излегуваат од тука. Денес значаен дел од дискутабилните подрачја меѓу Централната ирачка управа и Регионалната управа на северот на Ирак за кои дискусиите траат од 2005 година наваму, се наоѓаат под контрола на силите на Регионалната управа  на северот на Ирак. Меѓу овие подрачја се наоѓаат и подрачјата северно од Мосул кои изобилуваат со богати наоѓалишта на нафта и нафтените басени на Киркук.

Една од основните причини поради што Барзани ја прогласи одлуката за референдум е по прогласувањето на независноста да не се кандидира за кандидат на претстојните избори. По референдумот, со поддршка на привремениот претседател, во 2018 година со поттикнување на милициските сили кои зајакнаа во Ирак или пак условите за независност кои го донесоа Малики или некој друг политичар на власт, Барзани сака да биде прв претседател на курдската држава.

Туркменците и Арапите во Ирак кои важат за древни народи на регионот и имаат значајна популација, остро реагираа на одлуката на Регионалната управа на северот на Ирак за одржување референдум. За спречување на референдумот немаат некоја политичка или вооружена сила. Во случај Арапите и Туркменците зајакнат во претстојниот период, тогаш несомнено е дека ќе направат се што е во нивна можност да ги повратат териториите.

Ако ги земеме во предвид регионалните земји, тогаш можеме да кажеме дека конјунктурата многу се промени во споредба со изминатите години. По кризата со Катар, Саудиска Арабија се бави со активности за подигнување на јавното мнение за поддршка на независноста на Регионалната управа на северот на Ирак. Израел отворено и јавно ја изнесува поддршката која е позната уште од поодамна. Турција и Иран како две значајни земји во регионот ја критикуваат идејата за референдум.

Моменталната конјунктура во Ирак и на Блискиот Исток на Барзани му пружа голема и извонредна можност. Борбата против ДЕАШ на Барзани му обезбеди симпатии кај меѓународната платформа. Слабата ирачка влада, распределбата на силите во регионот поради многубројните граѓански војни на Блискиот Исток, не тера да размислиме дека на Барзани му се пружа голема можност за независност. Одлуката за одржување референдум за независност во период кога во Ирак постојат сериозни внатрешни проблеми може да го продлабочи хаосот во регионот. Референдумот е одлука која се коси со уставот на Ирак и еднострана одлука. Без оглед на тоа каков резултат ќе излезе на референдумот, нема да донесе стабилност во регионот. Голема е веројатноста регионот да биде поле на нови судири.

Иницијативата на Регионалната управа на северот на Ирак за отцепување од Ирак ќе предизвика провокации во Централаната управа на Ирак, Турција и Иран. Ќе се потсетите дека претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган во април остро ги критикуваше тврдењата на Кудрите во врска со Киркук поради што упати повик за симнување на курдското знаме од јарболот. Турција не ги почитува лагата дека Киркук припаѓал на Курдите. Киркук е град на сите Туркменци, Арапи, Курди и ако има приврзаници на други етнички заедници. Затоа не треба да се самозалажувате со овие наводни тврдења, бидејќи цехот за тоа може да биде многу скап. Одлуката за одржување референдум која беше усвоена и покрај претходната соработка, ќе предизвика заладување на добрите односи меѓу Турција и Регионалната управа на северот на Ирак. На крајот да кажеме дека зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет како и политичкото единство на Ирак претставува една од неоткажливите политики на Турција. Без оглед на исходот на референдумот, Регионалната управа на северот на Ирак не може да биде успешна без поддршката на Турција, вели авторот Џемил Догач Ипек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести