Актуелно 23/2017

Европа оди кон катастрофа

Актуелно 23/2017

По распаѓањето на источниот блок во светот остана само еден блок. Со договорот од Јалта од 1945 година со кој светот беше дизајниран после Втората светска војна, на Источен и на Западен блок, денес сме во систуација кога источниот блок повеќе не постои .

Со прогласувањето на независноста на Словенија на 2 јули 1990 година започна војната на бившите простори на Југославија што де факто значеше почеток на крајот на договорот од Јалта.

Војната во Југославија беше многу крвава. Во текот на оваа војна муслиманите беа на најголемиот масакр и на геноцид во срцето на Европа по Втората светска војна.Овој геноцид се одвиваше пред очите на самата Европа, па дури и пред очите на европските мировници.

Холандски суд во 2014 година пресуди дека армијата на оваа земја во составот на мировниците во војната во Босна и Херцеговина е одговорна за масакрирањето на околу 10 000 муслимани од страна на српските четници. Европа која постојано истакнува дека демократијата е најсветото нешто за животот на секој човек ги затвори своите врати за над 500 000 босански муслимани кои бараа спас од масакрите на Србите. Австрија, Германија и Италија тогаш за прв пат по Втората светска војна на границите поставија нон стоп стражи. Босанските муслимани кои немаа каде да бегаат беа најбрутално измасаксирани од страна на Србите.

НАТО интервенцијата во војната во Југославија малку како да ги заживеа надежите како во Југославија така и во светот , но американската воена интервенција во Ирак во 1991 и нешто потоа во Авганистан по се изгледа дека го вовлече светот во вртлогот на тероризмот.

Причините за појавите на терористичките напади кои деновиве секојдневно се случуваат во скоро сите страни на светот не се анализираат  само во исламскиот и источниот свет туку и во западниот свет. Незавосно од тоа кои им се мотивите ниту една терористичка акција не може да се смета за легитимна.

Скоро еден век терористичките активности се претворија во голем проблем на светот воопшто.

Претседателот на Репувлика Турција Реџеп Тајип Ердоган  со години упорно инсистира на ниво на западните земји да им се стави крај на терористичките организации бидејќи еден ден и тие ќе пропатат од нив.

Турција даде голем број жртви на терористичката организација ПКК и на нејзините воени крила во Сирија ЈПГ и ПЈД. Секако е интересен податокот дека запленетото оружје на овие терористички организации има западно потекло.

Скоро 50 години Турција самата се бори против тероризмот и за жал и осуда таа е оставена насамо да се бори без поддршка на своите западни сојузници. Но не само тоа, туку што е уште пострашно дел од европските земји им пружаат засолниште на терористичките организации против кои Турција се бори.

Минатата недела турски воени лица членови или симпатизери на терористичката организација ФЕТО,која минатата година се обиде да изврши воен удар во Турција, уште малку што не беа пречекани со црвен тепих во Германија.

Турската држава постојано бара израчување на околу 4500 лица осомничени за тероризам или терористи кои живеат во Германија. Германските власти секогаш одговараат негативно.Фехрија Ердал која пред 20 години изврши убиство над еден турски бизнисмен, како да има статус на гостин во Белгија. Бараме одговор на прашањето зошто терористите кои убиваат невини цивили во Турција засолниште наоѓаат во западните а не во источните европски држави?

Изминатите денови тероризмот го покажа своето лице и во Британија. Пред тоа во Шведска, Германија, Белгија, Франција и другите европски држави, каде загинаа стотици невини лица.

До вчера престолнините за источните земји се потресуваа од бомбите на терористите, н о денес тоа се случува и во западните престолнини.Тероризмот веќе се претвора во глобален проблем. Очигледно дека тероризмот како епидемија на заразна болест ќе се шири низ светот, затоа што светските сили наместо да допринесат механизмите на правдадата да делуваат непречено  се грижат само за сопствените интереси или се кријат само зад сопствените стравови.

И во вакви услови за жал одредени западно европски држави им пружаат гостопримство на терористичките организации. Тие отидоа до толку далеку што ширум ги отворија своите врати за турските офицери кои се обидоа да извршат крвав воен преврат во Турција на 15 јули минатата година. Тие им доделуваат дипломатски пасоши на разните турски судии или офицери кои преку теории на заговор  ги уништија животите на стотици лица во Турција.

Поединечните терористички активности или пак вклучувањето во редовите на терориситичката организација ДЕАШ не може да се објаснат само  како исклучоци. Може да се отворат вратите на насилството и преку немање смисла за правда и правичност.За жал денеска голем број земји членки на ЕУ поради својот став кон тероризмот самите си го подготвуваат сопствениот крај.

 (автор Ердал Шимшек)



Слични вести