Руска пенетрација во настаните во Македонија

Денес голем број аналитичари, коментатори како генерали по војната се обидуваат да ја воспостват вистинската дијагноза за она што навистина се случува во Македонија

Руска пенетрација во настаните во Македонија

Денес голем број аналитичари, коментатори како генерали по војната се обидуваат да ја воспостват вистинската дијагноза за она што навистина се случува во Македонија. При тоа не ретко можат да се видат исцрпни, стручни и свеопфатни анализи за состојбите во Македонија. Cуштината на политичката криза во Република Макдонија се должи пред се на се поголемото присуство на факторот Русија на Балканот, како и инволвираноста на Москва во настаните на овој историски немирен регион.Москва отвори нов фронт на Балканот со координирани напори да ја разгори политичката криза во Македонија. Целта не е само да се намалат шансите за влез на Македонија во НАТО и во ЕУ, туку, уште позаканувачки, да се претвори Балканот во конфликтна зона што ја илустрира слабоста на Западот и го засилува влијанието на Русија.

     Кога почна насилното распаѓање на Југославија во 1991 година, главната опасност за стабилноста на регионот беше потенцијалниот конфликт за Македонија, во кој би биле вовлечени неколку соседни држави. Според многумина аналитичари, дваесет и шест години подоцна во регионот повторно се наѕира можноста за поширок конфликт генериран од Македонија. А вистинскиот генератор на оваа последна криза во Макдонија без сомнение е Претседателот на Република Макдонија Ѓеорге Иванов, кој со своите нерационални па на моменти и несериозни ставови го блокираше формирањето на социјалдемократската влада во земјата и мирен пренос на владата од досегашната номенклатура. По тесниот резултат на изборите во декември, СДСМ успеа да склопи одржлива коалиција со албанскиот партнер - Демократската унија за интеграција.

      Иванов се бунеше за Албанската платформа - договор потпишан меѓу три албански партии, кој содржи конкретни услови за влегување во владата. Негови главни елементи се признавање на албанскиот јазик како втор официјален јазик на државата и поеднаква распределба на ресурсите низ регионите во земјата, вклучувајќи ги и западните области на Македонија, каде што Албанците се доминантни.

Се уште нај големата албанската партија ДУИ одлучи да влезе во коалиција со опозициската СДСМ од две главни причини: незадоволство од досегашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ во спроведувањето на албанските барања и вклученоста на ВМРО-ДПМНЕ во голем скандал со прислушување и други злоупотреби, кој уште повеќе ја оддалечи Македонија од членството во НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја загуби контролата врз владата зашто нејзините лидери би можеле да се соочат со кривични обвиненија. Но без албански партнер, ВМРО-ДПМНЕ го нема потребното парламентарно мнозинство за формирање на новата влада.

       Партијата на афторитарниот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го одвлече вниманието од истрагите за неговата злоупотреба на власта тврдејќи дека албанската платформа напишана во Тирана  ќе ја уништи националната унитарност и ќе ја уништи државата. Партијата, исто така, тврди дека албанскиот премиер Еди Рама, кој беше домаќин на потпишувањето на платформата во Тирана, се меша во внатрешните работи на Македонија и спроведува големоалбанска програма. И  ете токму тука на сцената стапува Москва.

     За Кремљ, Македонија е шанса за уште еден важен упад за проширување на националните поделби на Балканот и ширење антизападно расположение. Нејзината засилена пропагандна офанзива содржи две главни пораки, кои можеби се контрадикторни, но се наменети да допрат до различни публики. Пред самите руски граѓани и пред странските партнери, како што се Србија и Грција, руските функционери ги прикажуваат Македонија, Босна и Херцеговина и Косово како американски „проекти“, со цел да им служат на интересите на САД и на НАТО. Сите три држави се претставени како вештачки и привремени конструкции, чиј влез во НАТО и во ЕУ мора да биде блокиран.

     Истовремено, во обраќањето до македонската јавност, Москва тврди дека во Скопје е извршен антинационален удар под водство на САД. Дури и уште позаканувачки, според руските дезинформации што продираат во медиумите во регионот и на социјалните мрежи, Вашингтон поддржува распарчување на Македонија и Србија и создавање на голема Албанија. Кремљ со тоа се претставува себеси како заштитник на македонската држава во борбата против албанскиот иредентизам и наводниот муслимански тероризам.

      Колку поочајно станува ВМРО-ДПМНЕ поради исклученоста од владата, толку поверојатно е дека ќе придонесе во обвинувањата на Кремљ против Албанците. Таквиот пристап би можел да стане самоисполнувачко пророштво ако албанските партии бидат исклучени од власта, а двете главни партии во Македонија продолжат да се борат, оставајќи ја земјата со кренато сидро од западните институции и изложена на руските интриги. Што е всушност и цел на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој сака да прикаже еден таков амбиент во Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време организира протести против СДСМ во повеќето големи градови и формира „патриотски здруженија“, кои беснеат против наводната албанска доминација во земјата и ги осудуваат субверзивните надворешни влијанија. Ваквите движења се како измислени за тајната манипулација на Москва, вклучително и преку финансирање и преку медиумска изложеност.

    За да се надмине кризата во Македонија и да се спречи какво било прелевање на дестабилизацијата, Вашингтон треба да биде поактивен и повидлив. Балканскиот регион брзо се претвора во тест за администрацијата на Трамп во мавтањето и со моркови и со стапови за да ги одбрани интересите на Западот и европската безбедност.

     Силната дипломатија може да се искомбинира со ветување дека Македонија конечно ќе влезе во НАТО, без разлика под кое привремено име. Ова ќе ги отстрани двете пречки за напредокот на Македонија: опструкциите кон новата двоетничка коалициона влада, која ќе остане посветена на државниот интегритет, и ветото на Грција за македонското членство во НАТО. А што е најважно за Соединетите Американски Држави, ќе ги задушат руските мешања и провокации во сè уште нестабилниот полуостров, во истгоријата не случајно наречен Буре полн со барут.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)



Слични вести