Економијата на Светот 17/2017

Националната енергија и рударската политика

Економијата на Светот 17/2017

Турција се наоѓа на прагот на големи промени,било на политички,било на економски или на друг план.

Новиот проект на Независна енергетска и рударска политика насловен како „ Независна енергија, силна Турција“ цели кон цртање на една нова патна карта во енергијата и фрлање на нови чекори напред кон меѓународниот енергетски систем.

Националната енертгија и рударската политика се формирани на три темелни основи и тоа : обезбедување на безбедноста на енергетскиот систем, преориентирање кон домашни извори на енергија и воспоставување на енергетски пазар. Опсегот и одговорноста на овие три точки ги интересира сите актери во енергетскиот сектор. Треба да се работи на една енергетска политика која е доста опсежна и полноправна.Оваа политика од кога ќе се оформи  од една страна детално чекор по чекор ќе ги опише сите мерки кои ќе треба да ги преземе Турија, од друга ќе има продонес во цртањето на геофизичките и геохемиските карти со цел нивно поефикасно искористување.

Добро, се поставува прашањето кои се барањата на турската национална енергетска стратегија и на рударската политика.

Идговорот на ова прашање се состои од неколку сегменти.

Како прво крунисување на промените во економијата на Турција во последните 15 години.

Префрлување во групата на земјите со високи доходи од групата на земјите со средни приходи.

Остварување на поповолни цифри во утврдување на доходот по глава на жител во земјава, намалување на негативниот ефект на бранувањата во економијата на земјата, напалување на енергетската зависност од надвор и нејзино сведување под оптималниот лимит,

Активно користење на домашните извори на енергија,

Сондирање нафта и гас во Средоземното море и во Црното море.

Создавање на услови за пораст на енергетската понуда како за домашни така и  за странски клиенти.

Зголемување на капацитетот на  складиштата за складирање на домашните енергенси, со цел зголемување на улогата на приватниот сектор во енергијата, претворање на Турција во силен енергетски актер, и конечно што е најважно создавање услови за Турција да се  претвори во светски енергетски центар.

И за да се надминат сите овие неповолности Турција започна со спроведување на оваа политика на земја главен енергетски центар.

Турција во последните 10 години плати 44 милијарди долари повеќе просечно секоја година за увезената скапа енергија, а 10,6 милијарди долари плати за рудните ресурси. Со друго зборови кажано Турција за увезената енергија и за рударското богатство ќе треба да плати 55 милијарди долари. Овие високи бројки  на  економијата се одразуваат во вид на финансиски дефицит. Ако Турција не сака повторно да се соочи со грешките од минатотото, тогаш час поскоро треба да се ослободи од соочување со вистината за постоење на  дилемата дека треба да што поскоро да се надминат пречките на нејзиниот пат што води до новите енергетски видови . Освен тоа недвојбено треба да претрпи измена и табелата на која што се прикажува дилемата меѓу дефицитот и енергетиката.

И секако како за крај треба да се истакне дека за да се надмине оваа неповолна ситуација тоа не треба да остане само на зборови туку дека треба да се прејде на дело да се зацрта една визија за потенцијалите и за можностите на инсфраструктурата, за развој на секторалната индустрија ,за утврдување на визија за претворање на земјата во регионален и глобален енергетски актер.Тоа пак конечно ќе ја однесе Турција во една повисока група,во групата на богатите земји во светот.

 



Слични вести