Економијата на Светот 15/2017

Економскиот развој на Турција низ бројки

Економијата на Светот 15/2017

Минатиот петок беа објавени бројките за економскиот раст на Турција во 2016 година.Тие јасно покажуваат дека економијата на Турција минатата година забележа општ раст од 2,9 одсто. И покрај тоа што после 2002 година Турција успеа да воспостави политичка и економска стабилност сепак 2016 година има посебно значење.

Ова од причина што 2016 година ќе остане забележана како година со тешки предизвици,пред се поради обидот за воен преврат на 15 јули. После сите тие негативни настани и случувања често се поставуваше прашањето како и дали Турција ќе биде погодена од нив? И тоа не без причина бидејќи Труција беше цел на терористичката организација ФЕТО од внатре и цел на меѓународните рејтинг агенции од надвор кои само чекаа поволен момент за да ја намалат нејзината рејтинг оценка за странско инвестирање. Се предвидуваше дека економското стагнирање ќе потрае извесен период,но тоа не се оствари.

Сосема спротивно од очекуваното турската економија забележа општ раст од 3,5 одство во четвртиот квартал од 2016 година, што се на се резултираше со општ економски раст од 2,9 одсто за целата година. Овој раст даде наговестување дека идната 2017 година ќе биде успешна од економски аспект и дека трендот на раст ќе продолжи и во текот на 2017 година.

Кога сме веќе тука не можеме а да не се запрашаме како се дојде до овие позитивни резултати и порај сите нагативни случувања во Турција во минатата 2016 година?

Општиот економски раст од 2,9 насто на Турција во 2016 година практично значи дека Турција се пласира на 4. место на списокот на земјите од Г-20, и тоа веднаш после Индија, Кина и Индонезија. Во истата 2016 година доходот по глава на жител во Турција се искачи на 10.807 американски долари. Во едни такви услови може да се констатира следното,  дека и покрај протестите на Гези паркот во Истанбул, и покрај неколкуте терористички активности, и покрај неуспешниот обид ва воен преврат на 15 јули ,и покрај осцилациите во глобалната светска економија, и покрај растот на каматите од страна на Американската централна банка и неизвесноста на американската политика со доаѓањето на Трамп во Белата Куќа во Вашингтон, Турција успеа да забележи економски раст, успеа да си го зачува авторитетот на глобално ниво, и успеа да се доведе себеси во позиција да се најде веднаш после светските економски сили како што се Индија и Кина и да си ја зачува улогата на глобален актер.

Турската економија која покажуваше стабилен економски раст од 2002’ра до 2008’ма година успеа само со мали последици да ја надмине глобалната економска криза од истата година која ги потресе глобалните финансиски пазари. Од 2009’та година турската економија продолжи со трендот на стабилен раст. Затоа не треба да зачудува фактот што турската економија која забележува тренд на раст почнувајќи од 2009’ та година во 2016’та достигна до степен да биде глобален актер.

Сепак егзистирањето на  внатрешните и надворешните центри кои едноставно не можат да ја смислат Турција како развиена и моќна држава ја доведуваат во опасност неизината економија. За да може успешно да им се спротивстави на тие опасности Турција се ориентира кон раст како резултат на инвестирање и извоз.

Заради таа цел Турција би требало во тековната година да им даде приоритет на напорите за продолжување на трендот на економскиот раст во земјата, остварување на економскиот раст од 4,4 насто за во 2017 година инаку предвиден според среднорочниот  план за развој за 2007/2019 година и освен развивање на извозната економија да се ориентира кон инвестиции во чиј фокус се наоѓаат најновите технолошки достигнувања, финансиите, образованието, енергијата ,туризмот и вработувањето.

Инвестиционите вложувања како локомотива на економскиот раст на земјата ќе резултираат со економија отпорна на внатрешни и надворешни шокови.

За да можат полесно да се достигнат утврдените цели до 2023 година, во следните 6 години Турција ќе треба да се преоринетира кон технолошко производство, обезбеднување на нови вработувања и поттикување на мерки на штедење. Само на тој начин Турција ќе може да си ја зачува улогата на важен регионален и глобален актер како во политиката така и во економијата.

 



Слични вести