На денешен ден, 01 јануари

Добредојдовте во уште една нова програмска содржина во новата година која посакуваме да донесе мир, спокојство, изобилство и бериќет како во светот така и во земјава

На денешен ден, 01 јануари

Добредојдовте во уште една нова програма во новата година која посакуваме да донесе мир, спокојство, изобилство и бериќет како во светот така и во земјава. 

Секој ден накратко ќе се потсетиме на позначајните историски моменти што се случиле тој ден. Ја започнуваме првата програма.

Поделбата на времето на интервали, месеци, години е работа на луѓето. Другите живи суштества во природата немаат таква грижа. Тие живеат според годишните времиња. Нас луѓето не ни е доволна ваква циклична временска дефиниција. Сакаме се да биде определено во детали, точно во година, месец, ден, час. Како последица на љубопитоноста, нашите претци го измислиле календарот и почнале да употребуваат различни календари.

Денес Грегоријанскиот или Јулијански календар што го употребуваме почнал да се употребува во 45-та година п.н.е. Турција која го употребуваше Хиџретскиот календар, Грегоријанскиот календар официјално почна да го употребува во 1925 година, додека во 1936 година првпат првиот ден на новата година беше прогласен за празник.

Во периодот кога исламскиот пејгамбер Хазрети Мухамед го ширеше исламот, како последица на репресиите со кои се соочи во Мека во 662 година беше принуден да замине во Медина, кој период се нарекува хиџра, на 1 јануари 630 година со армија од 10 илјади војници влезе во Мека.

На денешен ден во 1958 година беше формирана Европската економска заедница (ЕЕЗ).

На денешен ден во 1971 година на ТВ екраните во САД беше забранета рекламата на цигарите.

На денешен ден во 1992 година меѓу земјите членки на Европската економска заедница стапи на сила Шенгенскиот договор со кој се предвидува целосно укинување на полициските и гранични контроли на граничните премини

На денешен ден 2002 година во Холандија на сила стапи одлуката со која се легализира евтаназијата. На тој начин Холандија стана првата земја која што на болните пациенти од неизлечива болест им даде право да го прекина својот живот.

 



Слични вести