Сарајот Исхак Паша, во Догубајазит кај Агри во 2018 година го посетија рекорден број посетители

Историскиот сарај Исхак Паша е меѓу најзначајните османслиски дела во источноанадолската област на нашата земја и со секоја помината година го зголемува бројот на своите посетители

Сарајот Исхак Паша, во Догубајазит кај Агри во 2018 година го посетија рекорден број посетители

Сарајот Исхак Паша кој се наоаѓа во населеното место Догибајазит кај градот Агри и е едниот од избраните примери на османлиската архитектура, минатата (2018) година достигна до највисокиот број на посетители во последните четири години со што постигна рекорд во оваа сфера.

Историскиот сарај Исхак Паша е меѓу најзначајните османлиски дела во источноанадолската област на нашата земја и со секоја помината година го зголемува бројот на своите посетители.

Сарајот Исхак Паша се оценува како „Премин на цивилизациите“ и по сарајот Топкапи во Истанбул е најголемиот сарај во земјата и со својот изглед на орелско гнездо, архитектурата и историската карактеристика го привлекува вниманието на посетителите во секое годишно време, во текот на целата година.

Овој историски сарај, особено во последните години го посетија голем број домашни и странски туристи.

Како во летните месеци, така и зиме Сарајот Исхак Паша наидува на заинтересираност од страна на голем број туристи и со онаа негова извонредна убавина како да е излезен од бајките. Со неговата отменост и елегантност под белото снежно руво презентира речиси една неприкосновена визуелна атракција и во ова годишно време.

Сарајот Исхак Паша кој привлекува внимание со неговата монументалност и убавината во 2018 година успеа да пречека вкупно 121 илјада 94 домашни и странски посетители, што претставува рекорден број по посетеност досега.

Особено странските туристи за посета и прошетка на Сарајот Исхак Паша одделуваат приближно 4-5 часа од своето време.

Вниманието на странските туристи го привлекуваат поготово местоположбата на сарајот на надморска височина од 2200 метри и користењето на првиот систем на парно, т.ј. греење уште пред 500 години.

 



Слични вести