Повик до странските студенти да студираат со стипендија во Турција

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен ги повика студентите од целиот свет да студираат со стипендија во Турција во рамките на програмата „Стипендии на Турција“

Повик до странските студенти да студираат со стипендија во Турција

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен, укажувајќи на програмата „Стипендии на Турција“, која на странските студенти им овозможува можност да студираат во Турција, упати повик до меѓународните студенти од светот да студираат во Турција.

Ерен во изјава за новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA) за програмата „Стипендии на Турција“, која се реализира во координација на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници.

Ерен нагласи дека програмата „Стипендии на Турција“ на меѓународните студенти им овозможува да студираат на додипломски, постдипломски и докторски студии во најпрестижните универзитети во Турција, и дека пријавувањето за овие стипендии завршува на 20 февруари.

Тој информираше дека странските студенти кои сакаат да добиваат стипендија, можат да се пријават преку интернет-адресата „www.turkiyeburslari.gov.tr“, на која можат да се информираат околу универзитетите и градовите во кои сакаат да студираат.

„Ги повикуваме меѓународните студенти од светот да студираат во Турција“, додаде Абдуллах Ерен.

Абдуллах Ерен истакна дека Турција постигнала голем напредок во високото образование, благодарение на „Стипендиите на Турција“.

„Нашите универзитети се доста свесни за прашањата околу интернационализирањето на меѓународните студенти и високото образование. Покрај тоа, тие нудат бројни опции за меѓународните студенти во повеќе области во различни градови.

„Стипендиите на Турција“, како бренд навистина има предност во однос на другите програми за стипендирање во светот“, нагласи Ерен.

Според него, на студентите кои добиваат стипендии им е покриена школарината, трошоците за престој во студентските домови, како и авионските карти за доаѓање во Турција и заминување од неа, но исто така добиваат и здравствено осигурување сѐ додека студираат во Турција.

„Освен тоа, на нашите студенти им нудиме џепарлак. Затоа, еден студент кој добива стипендија може да ги покрие своите образовни трошоци без да има потреба за ниту еден друг извор“, додаде тој.

Абдуллах Ерен, нагласувајќи дека Турција брзо напредува кон целта да стане речиси база на образование во светот, информира: „Од денот кога започна оваа програма во 2012 година, добивме околу 42.000 пријави, а заклучно со 2018 година оваа бројка се зголеми на 136.000.“

Ерен информираше и дека моментално 17.500 студенти од 160 земји ја искористуваат оваа програма за стипендии. „Овогодишното пријавување за „Стипендии на Турција“ завршува на 20 февруари 2019 година. Ги продолжуваме нашите активности низ светот. Оваа година очекуваме да добиеме рекорден број пријави од секој регион во светот“, додаде Ерен.

Според Претседателот на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) Абдуллах Ерен, студентите кои ги искористуваат овие ступендии, претставуваат мост меѓу нивната земја и Турција.

 

                                                                                                                               (Anadolu Agency-AA)



Слични вести