Туризмот во Турција 06/2019

Хатуша, престолнината на Хититската империја како една од империите кои владееле во Анадолија пред новата ера, се наоѓа во границите на градот Чорум, во централноцрноморската област на Турција

Hattuşaş_06.jpg
Hattuşaş_01.jpg
Hattuşaş_15.jpg
hattuşa
Hattuşa  6.png
Hattuşa

Хититската империја е едната од империите кои владееле во Анадолија пред новата ера... Уште пред стотици години било ставено крај на оваа империја, меѓутоа нејзината престолнина Хатуша го продолжила своето постоење: На своите посетители им вели дека на времето бил раскошен и значаен град.

Формирањето на Хититската Империја се протега до1600'тите години пред новата ера. Како што би можело да се разбере од глинените плочи теракоти, Хититската држава е првата држава која била управувана со вид демократија, во историјата. Во државата која била управувана од крал и лица од кралското семејство, на собранието кое било наречено Панкуш му било дадено право, и да ги поставува на гласање одлуките и да врши надзор т.ј да го надгледува кралот.

Меѓу она кое што го оствариле Хититите е и тоа што го потпишале првиот пишан договор во историјата, односно Кадешкиот договор со Египет. Ете престолнината на оваа напредна цивилизација во тоа време, Хатуша како антички град, ги пренесува трагите на Хититите до денешни времиња.

Хатуша се наоѓа во границите на градот Чорум, во централноцрноморската област на Турција. Денешното име му е Богазќој. Хатуша кое е во положба на археолошки музеј под отворено небо, се состои од два простори и тоа Долен град и Горен град.

Во просторот наречен Долен град се наоѓаат цивилни населени места и се издигнува Големиот храм како најголем верски објект на Хатуша.

Во Горниот град пак се наоѓаат голем број храмови и оваа област е обиколена со ѕидини на кои што има четири врати. Изработените статуи на лав со делкање распоредени на двете страни на вратата со лавови се од најубавите примери на Хититската камена изработка.

 

Храмот Јазиликаја на 2 километри североисточно од Хатуша се оценува како највеличествен, најраскошен храм под отворено небо на градот. Ѕидовите на овој храм составен од 2 карпи се украсени со релјефни изработки на Хитиски богови и божици.

Ако отидете во Чорум за да ја посетите Хатуша, ние ви предлагаме да не се вратите без да излезете во историска прошетка во музеите на Чорум и Богазќој, да прошетате по историските улици на населеното место Искилип, да поминете по рутата на Хититскиот пат, да ги видите висорамнините со мирис на борови шуми, и се разбира да пробате од овдешните локални специјалитети како што е долмата и да купите од овдешните ткаени работи Каргибези и килими.

Ве очекува Хатуша, најсилниот противник на моќните фараони на Египет, најголемата политичка и воена сила на времето, престолнината на Хититите.

 



Слични вести