Туризмот во Турција 05/2019

Манастирот Сумела, кај градот Трабзон во црноморската област на Турција

Sümela Manastırı.jpg
sümela manastırı.jpg
El monasterio aislado de todo: Sümela (Sumela)
sümela manastırı gelinliğini giydi.jpg
sümela 2.jpg
Sümela 2.jpg
Манастирот Сумела, кај градот Трабзон во црноморската област на Турција
Манастирот Сумела, кај градот Трабзон во црноморската област на Турција

Манастирот Сумела се наоѓа во границите на населеното место Мачка кај градот Трабзон, во црноморската област на Турција.

Во источноцрноморската област на Турција, над една стрмна карпа на падините на планината Карадаг се издигнува еден извонреден манастир: Манастирот Сумела...

Овој манасстир со минато од 1700 години, е едниот од најстарите и најзначајните манастири во светот.

Како што се раскажува, манастирот Сумела бил формиран од страна на двајца калуѓери кои во 3’от век, односно во времето на Византија дошле од Атина.

Со текот на времето неговото значење се зголемило, бил збогатен со обезбедените нови приходи и особено во 13’от век бил проширен со тоа што му биле доградени нови делови.

По потпаѓањето на крајбрежјата на Црното Море под турска власт, османлиските султани исто како и во голем број други манастири ги зачувале правата и на Сумела на кого му признале одредени привилегии.

Во 18’от век поголемиот дел бил обновен, некои ѕидови биле украсени со фрески. Во 19’от век со доградување на неколку големи згради мансатирот се добил извонреден изглед; го доживеал својот најбогат и најблескав период. За време на руската окупација која што започнала во 1916 година и траела 2 години манастирот бил запленет. По 1923 година бил целосно испразнет.

Манастирот Сумела во текот на стотици години бил значаен верски центар; истовремено го продолжил своето постоење како место за образование каде што учеле калуѓери.

Позначајни делови на манастирот Сумела се; главната црква во карпата, неколкуте капели, кујната, собите за учениците, гостилницата, библиотеката и светата ајазма. Ѕидовите на црквата и споената капела се украсени со фрески; главни теми кои што се изработени на фреските се сцени од Библијата, слики во врска со животот на Исус и Мајка Богородица.

Манастирот Сумела кој меѓу народот се споменува по името Мајка Богородица, се наоѓа во границите на населеното место Мачка кај градот Трабзон, на височина од приближно 300 метри од долината.

Во манастирот во 2010 година беше одржана литургија која беше водена од страна на грчкиот патријарх во Фенер.

Манастирот Сумела кој од страна на Христијаните се смета за свето место секоја година го посетуваат илјадници лица.

Ако го посетите подрачјето за да го видите овој манастир кој ги носи трагите на стотици години, ние ви предлагаме да ги посетите и Узунќопру како место кое е познато по неговите природни убавини, музејот Ајасофија во градот Трабзон и дворецот на Ататурк кои се наоѓаат во границите на истиот округ.

Наш друг предлог до вас е секако да не се вратите од тука без претходно да пробате од овдешните специјалитети како што се ќофтето Акчаабат, риба пржена со путер и кујмак кој што се подготвува од пченкарно брашно и од овдешното локално сирење.



Слични вести