Институциите на Турција со улога на мост 04/2019

Проекти на ТИКА кои што се протегаат од техничката инфраструктура до институционалниот капацитет

tika.jpg
tika.jpg
tika pakistan robot.jpg
tika yemen.JPG
tika fas.jpg
TİKA Makedonya.jpg
Турска агенција за соработка и координација (ТИКА)
Турска агенција за соработка и координација (ТИКА)

На картата постои една земја. Точно во средината на планетата, земја која е срцето на планетата.

 

Во оваа наша програмска серија „Институциите на Турција со улога на мост“ три недели како се обидуваме да ви доставиме некои информации во врска со Турската агенција за соработка и координација ТИКА. И оваа недела ќе се осврнеме општо на проектите на ТИКА,и ќе завршиме со овој наслов.

Проекти на ТИКА кои што се протегаат од техничката инфраструктура до институционалниот капацитет

Турската агенција за соработка и координација ТИКА која до 1995 година водеше економски, социјални и културни активности во братските земји, почнувајќи од тој датум им придаде тежина на активностите за образовна и културна соработка. Знаеме дека се е поврзано со карактеристиката да се располага со квалификувано и добро обучено население. Затоа ТИКА по 1995 година ги интензивира своите активности во сферата на образованието; во голем број различни земји беа изградени училишта, библиотеки, лаборатории, им беше доставена техничка помош на универзитетите.

Во процесот кој што започна со 2000’тите години светсот се глобализираше и влијанието на глобализацијата почна да се чувствува на голем број простори од исток до запад.  Во овој период паралелно на интензитетот што го добија земјите со кои го зборуваме истиот (турскиот) јазик по прашањето на развојот, проектите што ги реализира ТИКА во регионот се преобразија во проекти за зголемување на институционалниот капацитет. Продолжуваат проектите кои што ги реализираат нашата земја и ТИКА за териториите на нашите предци и тоа со онаа гордост што со право се чувствува поради тоа што се располага со заедничко историско наследство.

Како продолжеток на обидот на нашата земја да дојде во позиција на значаен актер во светот и регионот во кој се наоѓа, почнувајќи од 2000’тите години нашето сфаќање во однос на надворешната политика помина низ значајни промени. Во правец на овие промени ТИКА го прошири својот простор на делување; Бројот на канцеларии за координација на програмата кој што  во 2002 година изнесуваше 12 во 2011 година го зголеми на 25, а во 2012 година на 33. Претседателството на Турската агенција за соработка и координација ТИКА денес со 61 Канцеларија за координација на програмата во 59 земји делува дури во 150 земји ширум светот. Паралелно со активната и принципиелна надворешна политика што ја следи нашата земја со секој поминат ден се зголемува бројот на земјите со кои работиме. Во основата на работите кои што ги води Турција со посредство на ТИКА кон пријателските, братстките и роднинските земји се наоѓа обидот да се формира мировен појас.

ТИКА одигрува задача на механизам за соработка меѓу јавните институции и организации, универзитетите, граѓанските организации и приватниот сектор; Сиве овие актери ги обединува во заеднички именител и ја регистрира помошта за развој на Турција.

Помошта за развој на нашата земја која во 2002 година изнесуваше 85 милиони долари и оваа бројка во 2017 се зголеми на 8 милијарди 120 милиони долари. Истовремено Турција е земја која доставува најголема хуманитарна помош во светот.

Турската агенција за соработка и координација ТИКА заедно со земјите во кои располага со своите канцеларии, реализира активности за соработка сконцентрирани на развојот во приближно 150 земји на 5 континенти. Нашата земја со посредство на ТИКА го споделува своето знаење и искуство  со безброј земји од Пацификот до Централна Азија, од Блискиот исток и Африка до Балканот и од Кавказ до Латинска Америка, на сите страни на светот.

 



Слични вести