Дали знаете 04/2019

Како пристигнало кафето во Анадолија

Türk kahvesi 3.jpg
türk_kahvesi
Türk kahvesi 1.jpg

Дали знаете дека кафето за прв пат било донесено од Јемен во Истанбул во 16-от век и потоа начинот на негово варење, т.ј. приготвување познато како турско кафе, го пронашле Турците?

Како што се раскажува, кафето од страна на две лица од Сирија по име Хутм и Шемс, во 1555 година било донесено во Анадолија, т.ј. Турција.

Во времето на владеењето на османлискиот султан Сулејман Законодавецот, на валијата на Јемен Оздемир Паша многу му се допаднал овој напиток и го донел во Истанбул во османлискиот сарај за да му го принесе и на Падишахот. Потоа во Сарајот беше формирана група на подготвувачи на кафе кои работеле под наредба на Кахвеџибашијата. Дури во конаците биле вработувани и слуги кои била задолжени само за варење, приготвување на кафе.

Турското кафе, во 1615 година со посредство на трговците од Венеција, а во 1650 година трговците од Марсеј му беше претставено на светот и на тој начин се проширило и во Европа.



Слични вести