Локалитетот Ѓобеклитепе спремен за пречек на 1 милион туристи

Обелисците  поставени во храмот кој датира од пред 12 илјади години претставуваат јасен показател за развојот на симболичните чувства на луѓето во неолитскиот период

Локалитетот Ѓобеклитепе спремен за пречек на 1 милион туристи

Локалитетот Ѓобеклитепе кој е вброен на списокот на светското наследство и по прогласувањето на 2019 година за Година на Ѓобеклитепе, ги заврши подготовките за пречекување на еден1 милион туристи.

Директорот на музејот на Шанлиурфа и претседател на експедицијата за археолошки истражувања на Ѓобеклитепе Џелал Улудаг рече дека обелисците  поставени во храмот кој датира од пред 12 илјади години претставуваат јасен показател за развојот на симболичните чувства на луѓето во неолитскиот период.

Улудаг потенцираше на значењето на локалитетот за свестаката археологија и Турција, кој се простира на површина од 300 метри и височина од 15 метри, кој има доминантен поглед на околината, а кој се наоѓа во близината на селото Оренџик на 20 км североисточно од Шанлиурфа.

Ги завршивме сите подготовки во врска со локалитетот Ѓобеклитепе. Спремни се инфраструктурните и просторот за пречек на гостите. Ги завршивме подготовките во врска со центарот за анимација од кој посетителите можат да се стекнат со податоци за локалитетот како и сервисните возила кои ќе ги пренесуваат посетителите на местото на локалитетот. Во 2019 година ги очекуваме посетителите на Ѓобеклитепе и во Шанлиурфа.

Директорот за култура и туризам на Шанлиурфа Ајдин Аслан рече дека локалитетот се наоѓа меѓу најпреферираните места кои што сакаат да ги посетат домашните и странски туристи, потенцирајќи дека истиот ќе обезбеди сериозни туристички приходи како за градот Шанлиурфа, така и  Југоисточна Анадолија и Турција.

Само лани градот Шанлиурфа беше посетен од страна на над 1 милион туристи. Како резултат на прогласувањето на 2019 за година на Ѓобеклитепе секако дека очекуваме пораст од аспект на бројот на туристите, поради што и ние смес спремни за пречек на туристите во оваа посебна година, рече Аслан.



Слични вести