Институциите на Турција со улога на мост 02/2019

ТИКА, како алка на вакуфската, т.ј. фондациската цивилизација со помошта која што ја доставува дури и во најдалечните места во светот на конкретен начин го презентира оној хуманитарен, односно човечки и совесен став на Турција

tika kolombiya mülteci.jpg
tika pakistan.jpg
tika peru .jpg
TİKA gıda yardımı Libya.jpg
tika etiyopya.jpg
tika makedonya.jpg

Во оваа наша програмска содржина „Институциите на Турција со улога на мост“ говориме за нашите институции како што се Институтот Јунус Емре, Претседателството за Турците во странство и роднинските заедници, Црвената полумесечина Кизилај и Турската агенција за соработка и координација ТИКА, кои во голем број земји и региони ширум светот фрлаат потпис на безброј успешни социо-културни проекти.

Како што ќе се сетите во првото продолжение ви изнесовме некои информации во врска со Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Во оваа и следната недела пак, ќе говориме за активностите на оваа наша институција.

Со што се бави ТИКА? (Прв дел)

Турската агенција за соработка и координација ТИКА, како алка на вакуфската, т.ј. фондациската цивилизација со помошта која што ја доставува дури и во најдалечните места во светот на конкретен начин го презентира оној хуманитарен, односно човечки и совесен став на Турција.

На еден доста широк простор од Централна Азија до Балканот, од Африка до Латинска Америка и Јужна Азија, реализира проекти во правец на развојот на сиве овие пространства во безброј сфери како што се економијата, социо-културата и сл. со што ги споделува со нашите пријатели искуствата на Турција.

ТИКА со приближно 25 илјади проекти за развој кои што ги реализира досега во странство, изгради болници, училишта, патишта, мостови и голем број други објекти, со што ги обезбеди потребите на стотици илјади загрозени лица.

Таа придонесува и во зајакнувањето на пријателските врски на Турција со голем број земји и нивно искачување до точка што ја заслужуваат.

Разновидноста на проектите кои што се реализираат опфаќа голем број сфери како што се образованието, здравството, сместувањето, здравјето на мајката и детето, земјоделството и сточарството, транспортот, производството, вработувањето, вода-санитација, водостопанството. Во основата на сиве овие проекти се наоѓа целта да се помогне пријателските земји да достигнат до својот институционален и човечки капацитет кој што би можеле да го користат ефикасно и да се развие соработка која што ќе се потпира на долгорочно фер партнерство.

Во последните 3 години (2015-2017) во безброј простори од Балканот до Централна Азија, и од Блискиот исток до Африка од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА беа реставрирани и кренати на нозе приближно 250 дела од заедничкото културно и историско наследство.

Во изградените болници од страна на ТИКА во Сомалија, Палестина, Судан, Пакистан, Киргистан, Молдавија и уште голем број други земји, денеска се лекуваат стотици илјади болни.

 



Слични вести