Туризмот во Турција 02/2019

Темелите на Кападокија каде што природните убавини и историјата се вовлечени една во друга, се поставени пред илјадници години кога планините во централна Анадолија се уште биле активни вулкани и исфрлувале лава

KAPADOKYA.jpg
kapadokya balon.jpg
kapadokya7.jpg
kapadokya1.jpg
kapadokya.jpg
Кападокија, земјата на убавите коњи која е позната по Самовилските оџаци
Кападокија, земјата на убавите коњи која е позната по Самовилските оџаци

Кападокија или земјата на убавите коњи како што се нарекува поинаку, е област во близина на Анкара во Турција.

Оваа област е позната по своите подземни населби и оние интересни природни конусни облици кои народот од ова подрачје ги нарекол Самовилски оџаци.

Кападокија се наоѓа меѓу најзначајните туристички центри на Турција...

Ѓореме, Урѓуп, Учхисар, Аванос, Деринкују, Кајмакли, Ихлара и околината, во централна Анадолија, се меѓу неприкосновените и единствени туристички места во подрачјето на Кападокија.

Темелите на Кападокија каде што природните убавини и историјата се вовлечени една во друга, се поставени пред илјадници години кога планините во централна Анадолија се уште биле активни вулкани и исфрлувале лава. Лавата која што течела во подрачјето формирала слој од туф во различна цврстина. Дождовите, поплавите, ветровите во текот на илјадници години предизвикале ерозија на овој слој од туф и во подрачјето се појавиле овие сегашни чуда на природата, интересните конусни форми, наречени „Самовилски оџаци“.

Кападокија во текот на историјата била домаќин на Асирците, Хититите, Персијците. Одреден период потпаднала под владеење на Римската Империја. Во подрачјето можат да се забележат трагите на сиве овие цивилизации, а освен тоа можат да се видат и дела на Селџутската и Османлиската Империја.

Во Националниот парк Ѓореме кој се наоѓа и во списокот на културното и природното наследство на УНЕСКО, освен извонредните форми Самовилските оџаци, можат да се видат и местата со првите населувања овде, црквите на првите христијани кои се засолнале во ова подрачје, уште во првите години на христијанството.

Долините со неприкосновена убавина, подземните градови кои што будат воодушевување, тврдините, црквите, џамиите, ателјеата за грнчарски производи, се само некои од местата кои што би можеле да се посетат во Кападокија.

Да се слезе во длабочините на историјата, да се шета по нејзините долини во придружба на Самовилските оџаци, да се следат трагите на минатото, ние велиме да ги внесете во вашиот туристички водич и сигурно да „одете и да ги посетите“ сиве овие места во Кападокија.

Ако сакате да доживеете едно незаборавно искуство, ви предлагаме да се приклучите и кон турите со патување со балон како прилика која што ќе ви овозможи подрачјето да го видите и набљудувате од воздух.

Секако ние ви предлагаме да не заминете од Кападокија, исто така без да пробате од овдешните специјалитети како што се тести ќебапот, чомлек ќебапот, бурекот во облик на ружа, свадбарската чорба и слаткото асиде.

 



Слични вести