Институциите на Турција со улога на мост 01/2019

Турската агенција за соработка и координација ТИКА е формирана во 1992 година, по крајот на студената војна во 1991 година и распаѓањето на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (ССР)

tika yeni logo
TGKK 01.JPG
Турска агенција за соработка и координација (ТИКА)
Турска агенција за соработка и координација (ТИКА)

На картата постои една земја. Точно во средината на планетата, земја која е срцето на планетата.

 

Во оваа наша нова програмска содржина во оваа година која ја насловивме како „Институциите на Турција со улога на мост“ ќе говориме за нашите институции како што се Институтот Јунус Емре, Претседателството за Турците во странство, Црвената полумесечина Кизилај и Турската агенција за соработка и координација ТИКА кои во голем број земји и региони ширум светот фрлаат потпис на безброј успешни социо-културни проекти.

Во тие рамки најпрвин ќе ви изнесеме некои податоци во врска со историјатот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, а во следната програмска содржина ќе се обидеме накусо да се осврнеме на активностите и работите кои што ги реализира оваа институција.

ТИКА е формирана во 1992 година, по крајот на студената војна во 1991 година и распаѓањето на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (ССР), а со цел да се развие силна соработка со просторите со кои што нашата земја располага со мошне цврсти историски и културни врски, на чело со Турските Републики.

ТИКА во периодот од 1992 до 2002 година со своите 12 канцеларии во странство реализира вкупно 2.500 проекти насекаде низ светот. Во контекст на активната и принципиелна надворешна политика што ја води Турција со секој поминат ден го зголемува бројот на земјите во кои работи. ТИКА е глобална организација која денеска со своите 61’на програма за координација во 59 земји делува во 170 земји во светот.

Турција, со посредство на ТИКА на основа на активностите и работите кои што ги реализира кон пријателските земји, води напори за формирање на вид мировен појас. 

Во правец на целта која што ја зацртува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со неговите зборови „Ќе достигнеме секаде низ светот, како Турција ќе одиме секаде онаму каде што постојат загрозени, ќе им помогнеме колку што можеме“, ТИКА секоја година достигнува и оди во колку што е можно поголем број региони и кај поголем број луѓе.

Турската агенција за соработка и координација ТИКА секаде онаму каде што оди продолжува да развива квалитетни и квалификувани проекти во секоја сфера од животот кои го засегаат човекот од неговото раѓање до неговата смрт, а пред се во сферата на образованието и здравството.

 



Слични вести