Туризмот во Турција 01/2019

Ѓобеклитепе, најголемиот храм за кој што се знае во историјата

göbeklitepe.jpg
göbeklitepe.jpg
göbeklitepe 2.jpg

Денеска, во првото продолжение од оваа наша програмска содржина насловена како „Туризмот во Турција“ ќе говориме за Ѓобеклитепе.

Во списокот на светското наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) се наоѓаат 18 места од Турција. Едно од нив е Ѓобеклитепе.

Најзначајната карактеристика која што овозможи археолошкиот локалитет на Ѓобеклитепе да влезе во овој список е тоа што е најголемиот храм за кој што се знае во историјата... Значењето на овој верски центар кој што располага со минато од 12.000 години, се појави со ископувањата кои што беа започнати во 1994 година.

Во Ѓобеглитепе во средината на кружните градби чиј дијаметар достигнува до 30 метри се наоѓаат два столба од варовник во облик на латиничната буква „Т“ и во височина од 5 метри. Во областа се утврдени и други храмови кои што чекаат да бидат изнесени на светлината на денот.

Ископувањата продолжуваат со цел да биде изнесено на виделина сето она кое што е непознато во врска со изградбата на овој центар и животот на човештвото во тоа време.

Поради тоа што во текот на 12.000 години останало негибнато во онаа негова природна средина, Ѓобеклитепе располага и ни обезбедува значајни археолошки наоди. Овие остатоци кои што потекнуваат од неолитскиот период располагаат со својство кое што ќе ја наложи потребата од испрашување на она за кое што се знаеше до денеска во врска со историјата на човештвото.

Ѓобеклитепе се наоѓа во близина на селото Оренџик кај градот Шанлиурфа во југоисточниот дел на Турција. Откако ќе се пристигне во градот Шанлиурфа е потребно да се патува уште околу 18 километри.

Штом сте го посетиле Шанлиурфа кој се нарекува и град на божјите пратеници , секако ви предлагаме да го посетите Баликлиѓол, да се искачите на Калето, да го прошетате музејот каде што се изложуваат голем број дела и предмети, да ги посетите куќите на Харран и да излезете на купување во историската Капали (Покриена) чаршија.

Меѓу нашите совети и препораки до вас се и оние да пробате од чиг ќофтето, вид специјалитет од оваа област подготвуван со сирово месо, како и да се напиете еден филџан традиционално кафе наречено „мирра“.

 



Слични вести