Познатата актерка Елизабет Бенкс во Истанбул примена кај министерот Мехмет Нури Ерсој

Главната актерка и режисерка на новата верзија на филмoт „Чарлиевите ангели 3“ која почна да се снима во Истанбул Елизабет Бенкс во сарајот Чираган беше примена од страна на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој

Познатата актерка Елизабет Бенкс во Истанбул примена кај министерот Мехмет Нури Ерсој

Во Истанбул започна снимањето на новата верзија на култниот филм „Чарлиевите ангели 3“ (Charlie's Angels 3) којa се очекува со голема заинтересираност и нетрпение во целиот свет.

Главната актерка и режисерка на филмот Елизабет Бенкс во сарајот Чираган во Истанбул беше примена од страна на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

Приемот во историскиот Сарај траеше приближно половина час.

Притоа Елизабет Бенкс и нејзиниот сопруг и воедно еден од продуцентите на новата верзија на филмот "Чарлиевите ангели" по име "Charlie's Angels - Silver Cloud" Макс Ханделман и другите продуценти Мет Хирч (Matt Hirsch) и Елизабет Џантилион (Elizabeth Cantillion), го информираа министерот Мехмет Нури Ерсој во врска со новата верзија на овој култен филм која се снима во Истанбул.

Министерот Ерсој го изрази задоволството од тоа што ги дочекува во Турција и од тоа што ја избрале Турција како една од локациите за снимање на новиот филм.

Елизабет Бенкс исто така истакна дека откако дошла во Турција била многу импресионирана и воодушевена од овдешниот пречек, и тоа почнувајќи уште од услугата во авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

"Истанбул е многу убаво место, тоа е неверојатен град." - рече Бенкс.

Светски познатата актерка Елизабет Бенкс досега играше во голем број филмови како „Игри на гладот“ и „Човекот пајак“, додека сега освен тоа што и самата ќе настапува во едната од главните улоги на новата верзија на филмот „Чарлиевите ангели“, заедно со неја ќе настапуваат и Наоми Скот и Кристен Стјуарт. 

Новиот филм "Чарлиевите ангели 3" се очекува да почне да се прикажува идната година во ноември.

 



Слични вести