Актерор Кевин Харт ќе биде водител на 91-ото доделување на наградите Оскар

Американската академија за филмска уметност и наука во пораката преку профилот на твитер на Харт му посака добредојде во семејството

Актерор Кевин Харт ќе биде водител на 91-ото доделување на наградите Оскар

Американскиот актер и комичар Кевин Харт ќе биде водител на 91-ото доделување на наградите Оскар во Лос Анџелес.

Во пораката преку профилот на твитер, Харт напиша дека е избран за водител на манифестацијата на свечено доделување на наградите Оскар, кој настан подолг временски период претставувал сон за него.

Американската академија за филмска уметност и наука во пораката преку профилот на твитер на Харт му посака добредојде во семејството.

Свеченото доделување на наградите Оскар 2019 ќе се одржи на 24 февруари.

Харт со светска слава се стекна со филмовите „ Ride Along“, „''Jumanji: Welcome to the Jungle“ и „Night School“.



Слични вести