Специјален концерт од „Ел Система“ во чест на Емине Ердоган, во Венецуела

Сопругата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Цилиа Флорес де Мадуро, приреди специјален концерт во чест на Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, која го придружуваше за време на посетата на Венецуела

Специјален концерт од  „Ел Система“ во чест на Емине Ердоган, во Венецуела

Системот за национални оркестри и хорови за млади и деца на Венецуела (Ел Система) приреди концерт во чест на Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, која го придружуваше за време на посетата на Венецуела.

Госпоѓа Емине Ердоган од страна на сопругата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Цилиа Флорес де Мадуро, беше пречекана со специјално приредена програма во нејзина чест.

Во склопот на програмата на Системот за национални оркестри и хорови за млади и деца на Венецуела кој што во меѓународните средини е познат како Ел Система, беа интонирани познати турски песни како „Ускудара Гидер Икен“, „Берабер Јурудук“, „Сари Гелин“, а беше интерпретирана и турската национална химна. 

Емине Ердоган напомена дека овој оркестар составен со откривање на музичките способности на децата уште на мали години претставува значаен успех за Венецуела, а воедно и се заблагодари на Цилиа Флорес де Мадуро за специјално приредениот концерт. 

Светски познатиот оркестар „Ел Система“ е формиран во 1975 година од страна на венецуелскиот музичар Хозе Антонио Абреу и денеска располага со 900 илјади ученици.

Оркестарот „Ел Система“ е познат како систем на образование на интелигенција кој што располага со 10 илјади учители и е познат не само во Латинска Америка туку се зема за пример и во други делови во светот.

 „Ел Система“ во 1993 година беше добитник на Меѓународната музичка награда на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

 



Слични вести