Турските телевизиски серии на прво место во светот

министерот за култура и туризам Нури Ерсој истакна дека турските серии се извозуваат во 156 земји и дека 25 отсто од увозот на телевизиска содржина во целиот свет се состои од турски продукции со што Турција се наоѓа на прво место во светот

Турските телевизиски серии на прво место во светот

Турските телевизиски серии кои што сочинуваат 25 отсто од увозот на серии општо во светот се на прво место во оваа сфера во светот.

Ваквата изјава пристигна од министерот за култура и туризам Нури Ерсој кој одговараше на прашањата на пратениците пред комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што се водат разговори посветени на буџетот на министерството за 2019 година.

Притоа министерот Нури Ерсој во врска со поставените прашања посветени на  кинематографскиот сектор истакна дека со финансиската поддршка од страна на министерството кон секторот бројот на домашните филмови кој што во 2002 година изнесуваше само 9 филмови во 2017 година е зголемен на 148 филмови, додека бројот на гледачите на домашните филмови од 2 милиони изнесува над 40 милиони.

Подвлекувајќи дека Турција со процент на гледаност на домашни филмови од 56 отсто е на прво место во Европа, министерот за култура и туризам Нури Ерсој рече: „Нашите серии се извозуваат во 156 земји. 25 отсто од увозот на телевизиска содржина во целиот свет се состои од турски продукции. Со овој процент нашата земја е на првоот место во светот.“

 



Слични вести