Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф, раѓањето на Пејгамберот Мухамед (с.а.в.с.)

Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили) кој се одбележува како ден на раѓање на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.)

Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф, раѓањето на Пејгамберот Мухамед (с.а.в.с.)

Вечерва исламскиот свет го слави Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили).

Мевлуд-и Шериф кој што се слави како ден на раѓање на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Назрети Мухамед (с.а.в.с.) вечерва ќе се одбележи со читање дови (молитви).

Вечерва во џамиите ќе се организираат специјални програми, ќе се читаат дови (молитви) и ќе се пеат илахии (побожни песни).

Во рамките на програмата која што ќе започне уште дење во џамијата Фатих во Истанбул ќе се чита Куран-и Керим (светата муслиманска книга).

Вечерва по повод Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили) ќе се организира специјална програма и во џамијата Ејуп Султан во Истанбул.

Претседателот за верски прашања Али Ербаш исто така објави порака по повод Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили), одбележувањето на раѓањето на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Назрети Мухамед (с.а.в.с.).

Ербаш во својата порака укажа на тоа дека Хазрети Мухамед е последниот Пејгамбер испратен на човештвото од страна на Аллах и дека Тој е водач на целото човештво.

Ербаш истакна дека човештвото кое ги беше изгубило своите морални вредности и доблести со доаѓањето на Хазрети Мухамед (с.а.в.с.) повторно се стекна со вредностите како што се правдата, правото, милоста и убавиот морал.

Честитајќи им го Мевлуд-и Шериф (Мевлид Кандили) на сите граѓани и на целиот свет, претседателот за верски прашања Али Ербаш рече: „Од нашиот севишен Господар посакувам Мевлид-и Неби (Мевлуд-и Шериф, односно Мевлуд на саканиот) да стане повод  за зацврстување на нашите чувства за единство, слотување и братство.“

 



Слични вести