Кога ќе се разбрани морето на поздрави, душата се чисти од омраза

„Време за поздрав“ гласи насловот на главната тема на програмите на годинашнава меѓународна комеморативна манифестација посветена на годишнината од сплотувањето на Хазрети Мевлана

Кога ќе се разбрани морето на поздрави, душата се чисти од омраза

„Кога ќе се разбрани морето на поздрави, душата се чисти од омраза“ гласи геслото на годинашнава меѓународна комеморативна манифестација посветена на 745-та годишнина од сплотувањето на суфијата Мевлана Џелаледин Руми.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Градската дирекција за култура и туризам на градот Коња, беше истакнато дека продолжуваат подготовките во меѓународна комеморативна манифестација посветена на одбележувањето на 745-та годишнина од сплотувањето на Хазрети Мевлана.

„Годинава ќе се одржи 81-та комеморативна манифестација. Главна тема на програмите на годинашнава меѓународна комеморативна манифестација посветена на годишнината од сплотувањето на Хазрети Мевлана, кои имаат за цел да ги пренесат погледите на овој голем суфија и мислител на денешниот човек е „Време за поздрав“. Додека геслото на манифестацијата беше избрано од реченицата од мислите на Мевлана: „Кога ќе се разбрани морето на поздрави, душата се чисти од омраза“. Во рамките на годинашнава комеморација која манифестација ќе се одржи од 7 до 17 декември се планира да се одржат 15 сеанси на танцот сема, поради што секој изминат ден расте бројот на лицата и туристичките агенции како во земјава така и во странство за билетите за учество на манифестациите.

Во соопштението беше истакнато дека заинтересираните со билети за главната централна церемонија можат да се обратат преку следната веб страница: „www.konyakultur.gov.tr“.



Слични вести