Виам –Ед-дахил првата спикерка во Саудиска Арабија

Виам–Ед-Дахил има дипломирано на одделот за печат и медиуми при Американскиот универзитет во Либан

Виам –Ед-дахил првата спикерка во Саудиска Арабија

Првпат една спикерка ги емитуваше вестите на главните вести на информативната програма на државната телевизија во Саудиска Арабија.

Вчера првпат во Саудиска Арабија на државниот телевизиски канал Ес-Суудије се појави една жена спикер. Тоа беше Виам–Ед-Дахил која ги емитуваше главните вести на информативната програма на државниот канал.

Дахил по повод презентацијата на новиот период на каналот и главните вести, информативната програма ја емитуваше заедно со спикерот Омер Ен-Нешван.

Дахил има дипломирано на одделот за печат и медиуми при Американскиот универзитет во Либан и работеше во познатите медиумски куќи како што се весникот Алл-Хајат со седиште во Лондон, ТВ-канал Ал-Џезира со седиште во Катар и ТВ-канал Ал Араб.

Со последните иницијативи што се преземаат во Саудиска Арабија, на жените им се дозволува да возат автомобил, да формираат фирма без дозвола на родителите, да работат во Министерството за правда, да влегуваат на спортските натпревари во сали и стадиони каде што се одржуваат.

Визијата на Саудиска Арабија за 2030 година има за цел стапката на учество на жените во пазарот на трудот од 22 насто да го зголемат на 30 насто.



Слични вести