„Не оставај ме“ на Аида Бегиќ номиниран за академските филмски награди „Оскар“ од БиХ

За академските филмски награди „Оскар“ кои ќе се одржат по 91-ви пат на 24 февруари 2019 година во име на Босна и Херцеговина ќе се натпреварува филмот „Не оставај ме“ и тоа во категоријата за „најдобар странски филм“

„Не оставај ме“ на Аида Бегиќ номиниран за академските филмски награди „Оскар“ од БиХ

Филмот „Не оставај ме“ (Don't Leave Me) на босанската режисерка Аида Бегиќ која досега е добитничка на низа награди, стана кандидат за академските филмски награди „Оскар“ од Босна и Херцеговина.

Во објавеното писмено соопштение од Сојузот на фиолмските работници на Босна и Херцеговина се истакнува дека за академските филмски награди „Оскар“ кои ќе се одржат по 91-ви пат на 24 февруари 2019 година во име на Босна и Херцеговина ќе се натпреварува филмот „Не оставај ме“ и тоа во категоријата за „најдобар странски филм“.

Филмот „Не оставај ме“ на режисерката Аида Бегиќ кој својата светска премиера ја имаше на 54-от Меѓународен филмски фестивал во Анталија ги пренесува на белото платно трагедијата во Сирија и децата бегалци. 

Филмот „Не оставај ме“ беше прикажам и на Сараевскиот филмски фестивал што оваа година се одржа по 24-ти пат.



Слични вести