Леарницата на Фатих кај Киркларели ќе биде ставена во услуга на туризмот

Леарницата на Фатих во денешното населено место Демирќој кај ргадот Киркларели каде што биле леани топовите и ѓулињата кои биле употребени во освојувањето на Истанбул ќе биде реставрирана од страна на Министерството за култура и туризам

Леарницата на Фатих кај Киркларели ќе биде ставена во услуга на туризмот

Леарницата на Фатих во денешното населено место Демирќој кај градот Киркларели каде што биле леани топовите и ѓулињата кои биле употребени во освојувањето на Истанбул ќе му се стави во услуга на туризмот.

Во Леарницата на Фатих биле леани специјалните големи топови нарешени „шахи“ кои што биле нацртани од страна на Султанот Мехмет Фатих и кои биле користени за отворање на големи дупки во византиските ѕидини за време на освојувањето на Истанбул во 1453 година.

Ете оваа леарница сега ќе биде реставрирана од страна на Министерството за култура и туризам.

Како што стои во историските извори, специјално изработените топови „шахи“ и ѓулињата кои што биле употребени во освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот Султан Мехмет Фатих, односно Мехмет Втори освојувачо, биле изработени во историската Леарница на Фатих во денепшното населено место Демирќој кај градот Киркларели. 

Во оваа леарница каде што била користена напредна технологија за тоа време производството, односно леањето продолжило непрекинато од средината на 15-от век до крајот на 19-от век.

Реставрацијата ќе биде завршена во текот на оваа година.



Слични вести