На г-ѓа Емине Ердоган во Лондон и е врачена наградата „Благодарност за човечки заслуги“

Наградата „Благодарност за човечки заслуги“ и беше врачена на г-ѓа Емине Ердоган во склопот на „Наградите наследство за добротворност“ кои што се доделуваат во рамките на Глобалниот донаторски форум во Лондон

На г-ѓа Емине Ердоган во Лондон и е врачена наградата „Благодарност за човечки заслуги“

Во рамките на Глобалниот донаторски форум што се одржува во англискиот главен град Лондон на Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, и е доделена наградата „Благодарност за човечки заслуги“.

Наградата „Благодарност за човечки заслуги“ и беше врачена на г-ѓа Емине Ердоган во склопот на „Наградите наследство за добротворност“ кои што се доделуваат во рамките на Глобалниот донаторски форум кој што се одржува во Лондон, а во организација на Светскиот конгрес на муслиманските филантропи (World Congress of Muslim Philanthropists).

Г-ѓа Емине Ердоган ја прими наградата на церемонијата приредена од страна на локалната самоуправа на Лондон и во говорот што го одржаа во оваа пригода привлече внимание на човечката трагедија која што се доживува во Сирија и рече: „Не постои заедничка волја која ќе стави крај на војната. Одговорноста која би требало да ја преземе светот им е оставена на плеќите на неколку земји. Една од нив е и Турција.“

Велејќи дека турскиот народ е добротворна заедница која располага со силна вакафска традиција, Емине Ердоган напомена дека Турција не само што им помага на бегалците, Таа ја подава својата рака за помош на една пространа географија од африканските земји до Газа.

Г-ѓа Ердоган потсети дека Турција според процентот на нејзиниот национален доход е земја која доставува најголема хумканитарна помош во светот и рече: „Наградата за благодарност за заслуга за човештвото која што вечерва овде ми се врачува, ја примам ете во име на тој честит народ (турскиот народ) кој ја претставува совеста на човештвото. Вистинскиот сопственик на оваа значајна награда за која што ќе бидам поносна во текот на целиот мој живот е мојата земја, мојата држава, мојот народ кои го свртуваат својот поглед секаде онаму од каде што ќе слушнат очајни човечки крикови, без притоа да прави верска, јазична или расна разлика.“

Осврнувајќи се и на трагедијата во Мјанмар, Емине Ердоган воедно во својот говор рече: „Човечката трагедија пак која што се доживува во Мјанмар е едниот од најголемите срамови на 21-от век. Она на кое што се бев сведок таму мислам дека нема да го заборавам во текот на целиот мој живот.“

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, госпоѓа Емине Ердоган во врска со наградата што и беше врачена сподели и објава на турски и англиски јазик на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести